• Должина во правец: 14 км
  • Тежина: 8/10
  • Време на искачување: 5 часа
  • Искачување со деца: 5,5 часа
  • Висинска разлика: 800 м
  • Почетна точка:

    с. Коњско

Помош за навигација: повеќе во Совети
Карта со сите патеки

Село Коњско се наоѓа во Охридско, во средишниот дел на територијата на Општина Охрид, недалеку од источниот брег на Охридското Езеро, чиј атар се издига до сртот на планината Галичица каде што се допира со подрачјето на Општина Ресен. Селото е планинско, на надморска височина од 1.100 метри. Од градот Охрид, селото е оддалечено 11 километри. Селото се наоѓа на мала висорамнина на планината Галичица. Жителите се снабдувале со вода за пиење од селската чешма наречена Клаенец.

Веднаш под селото на планинската падина сѐ до самиот брег на Охридското Езеро и патот кој води кон Пештани и манастирот „Свети Наум“ е изградена туристичката населба Долно Коњско со голем број на хотели, одморалишта, сместувачки капацитети, приватни викенд-куќи, вили и угостителски објекти. Во минатото, Долно Коњско претставувало составен дел на тогашното големо село Коњско, сместено високо на падините на планината Галичица.

Археолошки наоѓалишта:
Градиште — утврдена населба од хеленистичко време; и
Мало Коњско — средновековна населба.

Цркви:
Црква „Св. Мина“ — главна селска црква

Самоска Дупка некаде забележана како Саматска Дупка — пештера која се наоѓа од десната страна на скарстената долина Студино, на планината Галичица, на надморска височина од 1.430 м. Истата се состои од еден доминантен меандерски канал со должина од 279 метри. Вкупната должина на пештерата достигнува 301 метар. Во некои делови од главниот пештерски канал забележителна е појавата на пештерски украси, претставени со саливи и сталактити.Според категоризацијата на анализираните пештери во Македонија оваа пештера спаѓа во групата на значајни пештери.[1] Според истражувањата во 1989 година, пештерата е широка 6 метри, а височината на таванот е од 2-10 метри. Пештерата во основа претставува фосилна речна пештера, од која истекувал подземен воден тек. По целата должина на дното е присутен акумулиран наносен материјал, додека во поедини делови се изградени мошне интересни пештерски украси.

Извор: Wikipedia

Тура

(во подготовка)

Планинарски патеки во близина:

Велосипедски патеки во близина:

с. Коњско – врв Три Мажи (5,5 км)
с. Коњско – Високи Врв (9,5 км)
с. Коњско – Самоска Дупка (6 км)
Самоска Дупка – Локва Асанџура (0,5 км)

  • наведените опции се вклучени во GPS линкот