• Должина во правец: 4,5 км
  • Тежина: 6/10
  • Време на искачување: 2 часа
  • Искачување со деца: 3 часа
  • Висинска разлика: 600 м
  • Почетна точка:

    с. Велгошти – Велгошки Манастир

Помош за навигација: повеќе во Совети
Карта со сите патеки

Велгошти – најголемо село во Општина Охрид, во околината на градот Охрид, кое според неговата местоположба може да се смета и за предградие на самиот град. Меѓу првите жители на селото бил и сточарот Веле, кој одгледувал кози и овци. Покрај неговата колиба поминувал патот од Охрид за Ресен и кај него редовно навраќале трговци и други намерници. Меѓу себе, но и со други, велеле дека дека „Веле гоштева“, со што со тек на време дошло до денешната форма на селото „Велгошти“.

Ова село се наоѓа во Охридското Поле, недалеку од самиот град Охрид, во североисточна насока, и од патот Охрид-Ресен, па затоа припаѓа на рурбалната зона на градот. Атарот на селото се издига до сртот на Петринска Планина, каде што се допира со подрачјето на Општина Ресен. Селото е рамничарско-ридско, на надморска височина од 727 метри. Велгошти претставува најголемо село во Охридско. Се наоѓа во непосредна близина на градот Охрид. До крајот на Втората светска војна, сите куќи биле збиени и без некој особен ред во подножјето на стрмниот карпест отсек. Меѓутоа, во поново време, селото добило нови жители, чии куќи се изградени на рамнината покрај патот Охрид-Ресен. Поради тоа може да се каже дека е рамничарско село со современи куќи. Денес, селото припаѓа на приградската зона на градот Охрид. Поради ширењето на селото, истото ја загубило својата земјоделска функција. Најголемиот дел од жителите работат во индустријата.

Археолошки наоѓалишта:
Зад Кула – средновековна населба;
Кале – доцноантичка и средновековна тврдина;
Котелица – средновековна црква и некропола;
Мантица – средновековна црква и некропола;
На Лазој – некропола од римско време;
Олмец – утврдена населба од железно време;
Св. Димитрија – средновековна црква;
Св. Илија – средновековна црква;
Турски Гробишта – средновековна некропола;
Чурила – средновековна некропола; и
Џамијата – средновековна црква.

Цркви:
Црква „Св. Климент“ — главната селска и парохиска црква, изградена во 1882 година;
Црква „Св. Димитриј“ — еднокорабна црква изградена во 1982 година на стари темели;
Црква „Св. Недела“ — камен-темелник осветен и поставен во 1981 година, а осветена е во 1987 година;
Црква „Св. Илија“ — манастирска црква, изградена во 1937 година. Фртескоживописот и иконостасот се изработени во 1946 година, од страна на зографот Рафе Коловски од Лазарополе. Возобновена е во 1970 година;
Црква „Св. Преполовение“ — камен-темелник осветен и поставен на 25 мај 1974. Осветена е во 1975, а реосветена 20 години подоцна;
Црква „Св. Богородица“ — пештерна црква од XV век. Во 1991 година била опожарена, но се градела во периодот од 1991 – 1994 година и на 21 мај 1994 била осветена;
Стара Црква „Св. Никола“ — манастирска црква. Градена во почетокот на XX век;
Нова Црква „Св. Никола“ — манастирска црква. Камен-темелникот е осветен и поставен на 22 мај 1995 година, а осветена е на 20 мај 2007 година;
Црква „Св. Петка“ — манастирска црква. Се наоѓа на ридот Олмец. Изградена е со амин на туркиот султан во 1890 година; и
Црква „Св. Петар и Павле“ — најновата црква. Зографисана е во 2010 година.

Манастири:
Велгошки манастир „Св. Петка“ — манастир во близина на селото
Велгошки манастир „Св. Илија“ — манастир над селото

Споменици:
Споменик на паднатите за слобода — споменик во чест на жртвите од Втората светска војна. Откриен бил на 2 август 1973 година.
Спомен-плоча во чест на 80 години од создавањето на Првата востаничка чета во Охридско. Била откриена на 22 јули 1981 година;
Споменик на стреланите велоштани — споменик посветен на стреланите велоштани во 1913 година од страна на српскиот окупатор; и
Биста на Живко Чинго — биста пред платото каде се одржува Вечерта на Живко Чинго.

Извор: Wikipedia

Тура

(во подготовка)

Планинарски патеки во близина:

Велосипедски патеки во близина: