• Должина во правец: 20,5 км
  • Тежина: 8/10
  • Време на искачување: 5 часа
  • Искачување со деца: 5,5 часа
  • Висинска разлика: 800 м
  • Почетна точка:

    с. Завој

Помош за навигација: повеќе во Совети
Карта со сите патеки

Завој – село во Општина Охрид, во околината на градот Охрид. Ова село се наоѓа во североисточниот дел на Охридското Поле, во повисокиот источен дел на Општина Охрид, чиј атар се издига на северната падина на Петринска Планина и се допира со подрачјето на Општина Ресен. Селото е планинско, на надморска височина од 1.050 метри. Од градот Охрид селото е оддалечено 18 километри, а од патот Охрид-Ресен околу еден километар.

Куќите на селото Завој се наоѓаат на една висорамнина на околу 1.000 метри. Сместено е во источниот дел на Охридско, а во близина на Преспанската Котлина. Околни села се: Опеница, Скребатно, Свиништа и други. Во минатото, мештаните со вода за пиење се снабдувале од извори и од бунари. Денес, селото има изграден селски водовод.

Првото пишано спомнување за селото потекнува од 1582 година. Тогаш, селото имало 69 христијански домаќинства и вршело дервенџиска служба.

И народните преданија говорат дека селото влегува во старите села на областа. До 1860 година се наоѓало на положбата Стар Завој, 3 километри источно од денешното село, во близина на планинскиот превој Буково. Меѓутоа, во првата половина на XIX век, како чувари на превојот се населиле муслимански Албанци. Поради зулумите, христијанското население се раселило.

Три домаќинства од Стар Завој го основале новото село на денешната положба. Претходно, на тоа место имале сточарски кошари. Од нив потекнуваат сите денешни родови.

Во XIX век, Завој било село во Охридската каза на Отоманското Царство. Во минатото, низ селото поминувал стариот пат Охрид-Ресен. Од ова планинско село се иселил голем број од населението и тоа е доведено во фаза на раселување.

Цркви:
Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ — главна селска црква; и
Црква „Св. Богородица“ — црква во старото село.

Споменици:
Споменик за загинатите илинденци и борци во НОБ од селото

Извор: Wikipedia

Тура

(во подготовка)

Планинарски патеки во близина:

Велосипедски патеки во близина:

с. Завој – врв Исток (12 км)
с. Велгошти – врв Исток (8 км)

  • наведените опции се вклучени во GPS линкот