Евла – село во Општина Ресен, во околината на градот Ресен. Селото Евла административно ѝ припаѓа на Општина Ресен. Сместено е на западниот дел на Преспанската Котлина во подножјето на планината Галичица. Од Ресен е оддалечено на пет километри, а со градот е поврзано со асфалтен пат. Населбата е распространета на рамничарски простор на надморска височина од 925 метри. Западно од селото се протегаат падините на планината Галичица, обрастени со богат фонд на дабова и букова шума, а на источната страна е полето во кое се сместени нивите, ливадите, лозјата и овоштарниците со јаболкови насади.
Соседни населени места на село Евла се: на северната страна – селата Петрино и Болно, на јужната Горно Дупени и Лавци, на источната – Преспанската Котлина со градот Ресен, а на западната – планината Галичица и градот Охрид. Низ средината на селото тече мала планинска река Елска Река, која ја дели населбата на два дела, а на северо – источната страна, по целата должина на атерот, поминува Источка Река, која е поголема и на неа порано биле изградени и успешно функционирале пет воденици. Издашноста на водата во реките дозволувала да се наводнуваат полињата на селата Евла и Горно Дупени, а во периодот 1952- 1953 година да се изгради и мала хидроцентрала. За тоа време, во услови кога селските населби не билеа електрфицирани, ова село ја имало привилегијата да биде меѓу првите што има електрично осветлување.
Ридско – планинскиот појас кој како потковица го обвиткува селото, го прават ограноците на планините: Вртелка со највисока кота 1056 метри, Спаса (1100 метри), Јаворец (1236 метри) и Исток (1241 метар). На овој простор, во реонот Спаса, на 3 километри западно од селото, во близина на наоѓалиштето Елски Копанки, се наоѓа познатиот пештерски манастир „Св. Спас“. Овој манастир со убавата шума околу него, зелениот папрат, ливадите и планинската студена вода, е привлечно излетничко место за населението на цела Преспа и пошироко. До него по прилагоден шумски пат, во секое време може да се дојде и со моторно возило.
Цркви:
Црква „Воведение на Пресвета Богородица“ или „Успение Богородично“ — главната селска црква од 1848 година на чија западна страна е вградена мермерна плоча на која се прикажани три интересни лика. Во близината на селото се наоѓа и топонимот „Калуѓерска Краста“ кој укажува дека ова место има историско минато. Во книгата „Преспа“ на Георги Трајчев, објавена во 1923 година, е опишано местото „Влашки колиби“ кое било живеалиште на Каракачаните кои на падините над селото се занимавале со овчарство.
Црква „Вознесение Христово“ или „Св. Спас“ – пештерна манастирска црква која се наоѓа 3,5 километри од селото. До неа може да се стигне само пеш или со теренско возило. Според преданието, манастирската црква се наоѓала на друго место (Стара Спаса), но подоцна, иконата била преместена на сегашното место на кое била изградена средновековната пештерска црква.
Археолошки наоѓалишта:
Исток – црква од средниот век;
Св. Спас – црква од средниот век;
Кале – населба од средниот век;
Ливадица – осамен наод од доцноантичко време;
Извор: Wikipedia
Тура
(во подготовка)
Планинарски патеки во близина:
Велосипедски патеки во близина:
с. Евла – Манастир Св. Спас (3,5 км)
- наведените опции се вклучени во GPS линкот