• Должина во правец: 17,5 км
  • Тежина: 8/10
  • Време на искачување: 7 часа
  • Искачување со деца: 8 часа
  • Висинска разлика: 1.250 м
  • Почетна точка:

    с. Горно Врановци

Помош за навигација: повеќе во Совети
Карта со сите патеки

Согле – село во областа Азот, во Општина Чашка, во околината на градот Велес. Согле е старо село во областа Азот и долината на Бабуна: се споменува уште во средниот век. Други пишани споменувања на Согле потекнуваат од 1476/7 и 1481 година, кога имало 22 односно 40 македонски христијански куќи, а неговите жители биле дервенџии. Во Согле најпрвин живеело православно македонско население.

Во првата половина на XIX век тука слуга бил некој говедар – муслиман викан Торбеш од селото Мелница со подалечно потекло од околината на Дебар. Тој во Согле го довел и своето семејство. После тоа ги повикал и муслиманските Албанци од прилепските села Црнилиште и Десово. Кога во Согле имало 5-6 муслимански домаќинства, тие на најразлични начини, но најмногу со насилства и злосторства ги иселиле сите христијани. Последните Македонци го напуштиле Согле во втората половина на XIX век. Иселени Македонци од Согле има во околните села во Богомила се родовите Мишевци, Веселиновци и Антевци и во Теово. Некои иселеници од родот Кршаковци до скоро живееле во соседното село Бистрица, па потоа се отселиле во Скопје.

За ова сведочи и Ѓорче Петров во својата книга „Материјали по изучувањето на Македонија“ од 1896 година. Тој запишал дека Согле е на 1 ½ час од Ореше и на 2 часа од Богомила со 70 куќи. Некогаш тоа било чисто македонско село, сопственост на црквата Света Богородица. Пред 45 години во него се населил некој дебранин Џафер и прочиениот разбојник Мале, поранешен полјак во селото. Христијаните од страв почнале да се иселуваат при што селото станало чисто турско. Соглевци најмногу одгледуваат тутун, од кој вадат до 6000 товари годишно.

Во XIX век селото било дел од Велешката каза од Отоманското Царство.

Во 1912 година, Согле имало околу 70 муслимански куќи. Тогаш сите жители зборувале главно албански, затоа што бројот на доселените Албанци од прилепските села Црнилиште и Десово бил поголем (околу 2/3) од бројот на мијачките Македонци–муслимани („Торбеши“). Сепак, македонскиот јазик во Согле не бил сосема истиснат, тој се говорел особено во домаќинствата чии членови склопувале брачни врски со Македонците-муслимани од Мелница. После Првата светска војна 12 домаќинства отишле во Турција.

И покрај тоа, во 1954 година Согле го достигнало претходниот број на куќи. После тоа од ова село започнале големи иселувања на муслиманите. На местото на иселениците се доселувале бројни Македонци христијани од разни села во горниот слив на Бабуна. Потоа се доселиле и неколку албански домаќинства од Косово.

Североисточно од Согле на растојание од 2,5 километри е месноста Бачилиште. Таму се наоѓа манастирот Света Богородица изграден во 1856 година. Манастирот денес има многу убави и обновени конаци. Истите мајстори кои го ѕидале манастирот ја изградиле и џамијата на сретсело. За време на изградбата на манастирот во Согле имало и нешто христијани. Согленскиот манастир преку дарувања станал прилично богат. Имал околу 300 кози, 50 говеда, 200-300 кошници со пчели и нешто ниви. Две ниви на манастирот подариле согленските муслимани. За да се чува стоката и обработува земјата во манастирот престојувале и до 30 работници. Стопанското значење на манастирот почнало да опаѓа по Втората светска војна. Сепак, на денот на манастирската слава – Мала Богородица таму се собираат бројни жители од разни места. Денес, манастирот е обновен и сѐ повеќе посетуван од луѓе. „За болест и џумбус“ манастирот го посетувале и некои муслимани од Согле.

Потегот Горно Согле се наоѓа на илјада метри западно од денешното село. Изгледа дека таму некогаш се наоѓале куќи. Сега во нивите на тој предел се изоруваат делови од ќерамиди, а таму постојат и „ќункови (цевки) за вода“. Потезите Градиште и Каља се на границите на атарот. Градиште е кон Ореов Дол, а Каља кон Теово. Според некои археолошки истражувања се смета дека гробот на попот Богомил кој го започнал богомилството како верско и општествено движење, се наоѓа токму во атарот на селото Согле и тоа во близината на муслиманските гробишта кои се наоѓаат до селото од западната страна. Од шеесеттите години се основани и нови христијански гробишта од источната страна на Согле. На тоа место се наоѓале остатоци од стари гробови, а се зборува дека имало и остатоци од црква, која денес е возобновена.

Согленски манастир – манастир во азотското село Согле, сместен над селото, до кој води земјен пат од селото. Манастирот се наоѓа на 30 километри југозападно од Велес во реонот на селото Согле, а во соседство со селата Богомила, Бистрица и Теово, во месноста Азот. За овој храм црковно-историските извори ништо не зборуваат. Се претпоставува дека тој потекнува од многу постаро време кога селото Согле не било исламизирано. Градбата на манастирот била изведена некаде во XIV или XV век кога уште немало доселено муслиманско население во Азот. Во периодот од 1850 до 1855 година биле поправени конаците и црквата. Манастирскиот комплекс е составен од: манастирската црква, манастирските конаци, како и други помошни објекти. Главната манастирска црква е посветена на Пресвета Богородица, по која е и наречен целиот манастир.

Извор: Wikipedia

Тура

(во подготовка)

с. Горно Врановци – Иванов Врв (7 км)
Иванов Врв – с. Согле (10,5 км)
с. Согле – Согленски Манастир (2,5 км)

  • наведените опции се вклучени во GPS линкот