• Должина во правец: 6 км
  • Тежина: 7/10
  • Време на искачување: 3 часа
  • Искачување со деца: 4 часа
  • Висинска разлика: 1.260 м
  • Почетна точка:

    с. Мокриево

Помош за навигација: повеќе во Совети
Карта со сите патеки

Мокриево – село во Општина Ново Село, во областа Подгорје, во околината на градот Струмица. Мокриево се наоѓа во подножјето на планината Беласица, на надморска височина од 340 метри. Од најблискиот град Струмица е оддалечен 22 километри.

Постојат две верзии за потеклото на името Мокриево. Едната е дека потекнува од грчкиот збор „макро“, што значи големо или долго, а втората дека потекнува од зборот „мокро“, со значење место богато со вода.

Над селото се наоѓа разурната кула, која народот ја нарекува Пирго, сметајќи дека потекнува од времето на Цар Самуил и Беласичката битка од 29 јули 1014 година. Поради тоа, секоја година на 10 август (29 јули според стариот календар), сите жители се искачуваат на Пирго, каде што се наоѓаат и трите стари јавори (еден од јаворите неодамна бил исечен) од времето на битката.

Селото првпат е споменато во повелбите на браќата Јован Драгаш и Константин Дејановиќ и нивната мајка Евдокија од 1376 и 1377 година, кога било подарено на светогорскиот манастир „Свети Панталејмон“.

Ѓаволски мост на планината Беласица – Првиот документиран податок за постоење на широк дрвен мост е од периодот на Првата светска војна, од 1914 година, а порано војската сè до раните 70-ти години од минатиот век го користела за гранична патрола зашто е во непосредна близина на грчката граница, но потоа се распаднал. Мостот е обновен 2021 година од страна на Планинарскиот клуб „Ентузијаст“ од Струмица. Мостот е поставен над карпеста провалија длабока 15 м., на надморска височина од 1.522 метри, под сртот на Беласица и е наменет за планинари и велосипедисти.

Извор: Wikipedia

Тура

(во подготовка)

Висок Врв – Ѓаволски Мост (1,5 км)
Ѓавоски Мост – ПД Шарена Чешма (4,5 км)

  • наведените опции се вклучени во GPS линкот