• Должина во правец: 12,5 км
  • Тежина: 8/10
  • Време на искачување: 4 часа
  • Искачување со деца: 4,5 часа
  • Висинска разлика: 1.100 м
  • Почетна точка:

    с. Башибос

Помош за навигација: повеќе во Совети
Карта со сите патеки

Кочулиски Водопад – водопад сместен на западното подножје на јужните падини на планината Беласица, по текот на реката Калдрма Дере, во Валандовско на надморска висина од 580 м во околината на селата Бајрамбос и Кочули, познат и под името Ѓаволски Водопад. За разлика од останатите познати водопади кои се наоѓаат на северната страна на планинскиот масив на Беласица, овој водопад се наоѓа на западната страна на Беласица. Од градот Валандово е оддалечен 16,5 км. и се наоѓа на надморска височина од 580 метри. Ѓаволскиот Водопад како и останатите има тектонско потекло, а е изграден на Калдрма Дере (Калдрма Река) или попознато како една од притоките кои ја формираат Башибоска Река. Вкупниот вертикален отсек на водопадот изнесува 19 метри, додека на самата карпа е запишана бројката од 16,8 метри. Самиот водопад има изградено џиновски лонец со димензии 2,7м ширина и 6,5 м должина, додека вкупната длабочина измерена при теренските истражувања изнесува 2,5 метри. Во текот на летниот период протокот на Калдрма Дере е минимален додека во текот на пролеттниот период протокот се зголемува. Поради големиот проток којшто го има реката во текот на овој период како и поради силната бучава која што се создава при падот на водата, така го добил и името Ѓаволски Водопад.

Унка (на некои географски карти и: Унка Тепе) е врв на крајниот западен дел на протегање, на јужната падина на планината Беласица во Валандовско, во крајниот југоисточен дел на Македонија. Неговата надморска височина изнесува 1362 метри. Сместен е во многу оддалечен густ шумовит предел во изворишниот дел на повеќе потоци кои ја составуваат Коџа Дере односно Анска Река. Врвот Унка се наоѓа целосно на територијата на Македонија, а недалеку од него на околу 2 километри на исток кај изворот Аџи Бунар и врвот Троица (1474 м.) е линијата на македонско-грчката граница и старите погранични караули од двете страни. Самиот предел е исполнет со многу ретки природни убавини и знаменитости, како што се разните карпи со чудесни облици наречени „Орел“, „Престол“, „Среден Прст“, „Мокра Карпа“ и повеќе водопади, меѓу кои: Ѓаволски или Кочулиски водопад висок 16,50 метри, водопадот Котел висок 13 метри, скалестиот водопад (Разигран или шарен водопад) висок 40 метри кој почнува со 10 помали водопади и завршува со пад од 12 метри. Патеката за искачување на врвот Унка започнува од селото Кочули од каде до врвот Унка, се стигнува за околу 3 часа пешачење. Попатно има добар поглед и разни форми на карпи. Од врвот Унка се гледа Дојранското Езеро како на дланка, како и планините Кожуф, Пајак и Олимп во далечината над Егејското Море.

Извор: Wikipedia

Тура

(во подготовка)

село Бајрамбос – врв Унка Тепе (10 км)
село Бајрамбос – Водопади (5 км)

  • наведените опции се вклучени во GPS линкот