Габрово – село во Општина Струмица, во областа Подгорје, во околината на градот Струмица. Габрово се наоѓа во Струмичко Поле, во југоисточниот дел на Република Македонија. Од најблискиот град Струмица е оддалечен 15,5 километри.
Надморската височина во селото е 300 метри а површината на селото изнесува 1883 ха. Под падините на планината Беласица десно од патот Банско – Борисово во недопрената природа скриено од погледите на луѓето се наоѓа селото Габрово. Населбата е мала со околу 100 домаќинства но плени со својата селска идила, старите куќи со чардаци, љубезноста на жителите. Овде секое камче крие дел од историјата на селото.
Ладната и бистра вода од водопадот било место на кое летно време габровчани се разладувале и уживале а дека било и нивно омилено место зборува и фактот дека порано овде се славел и христијанскиот празник Св. Илија инаку заштитник на селото. До неодамна се знаеше само за еден водопад меѓутоа прекрасната слика на ова место ја наполнуваат и двата водопади до кои можеа да дојдат само селаните кои добро ја познаваат планината.
Денес водопадот е модерно уреден и отворен за сите љубители на природните реткости и убавини. Покрај веќе надалеку познатиот прв водопад сега за туристите се достапни и останатите втор и трет водопад коишто Општина Струмица со проектот „Доуредување на габровскиот водопад“ ги направила пристапни за сите оние кои се љубители на прирадата. Со доуредувањето на трите габровски водопади дополнително се поставиле летниковци, клупи, маси, и канти за отпадоци исто така се направиле и три мостови за полесен пристап до последниот и најубавиот водопад.
Извор: Wikipedia
Тура
(во подготовка)
Планинарски патеки во близина:
Велосипедски патеки во близина: