Козјак – вештачко езеро во Западна Македонија, најголемо во државата, сместено помеѓу планината Сува Гора на запад и резерватот „Јасен“ на исток. Езерото е долго 32 км, некаде е длабоко и 130 м, а максималното растојание од едниот до другиот брег изнесува 400 м. Кон езерото водат два пата: јужниот пристап кон езерото води од Македонски Брод и се протега по течението на реката Треска. Другиот пристап е од Скопје при што патот се протега под јужните падини на Водно. Езерото е создадено во 2004 г., кога започнала со работа хидроцентралата „Козјак“.
Извор: Wikipedia
Тура
Оргиналната патека (GPS линк) започнува од с. Маркова Сушица (Маркова Река), но, доколку би ја возеле повторно оваа патека, би започнале од крстосницата на патот за ХЕЦ Света Петка. Причина за тоа е гужвата и прашината на наведниот пат (на моменти наликуваше на сцени од Mad Max).
Патот до крстосницата за ХЕЦ Света Петка е асфалтиран и во добра состојба. Поради должината на патеката користевме Fitness (Hybrid) велосипеди, кои во споредба со MTB велосипедите се прилично побрзи, но изборот е ваш.
Дел 1: Крстосница – ХЕЦ Света Петка (9 км во правец)
На оваа делница сообраќајот е значително намален и можете вистински да уживате во природата. Практично се движите од другата страна на Кањонот Матка. Глетките се магични: ако некогаш собереме пари, тука е вистинското место за поставување на Zipline, и оооп.. за минутка сте на Матка. Тука се појави еден дечко со возило и таблички од источна Македонија прашувајќи како да дојде на Матка: со Zipline или алпинистичка опрема беше нашиот совет – на вакви локации Google Maps нема многу да ви помогне.
Дел 2: Крстосница – Видиковец Козјак (13 км во правец)
Откако се вративме назад до крстосницата (дополнителни 9 км нагорнина меѓутоа вредеа за сите пари), продолжуваме кон с. Нова Брезница каде се двоиме десно кон видиковецот на езерото Козјак. Тука се совладува сериозна стрмнина, но наградата на врвот е повеќе од доволна: магичен поглед на езерото Козјак.
Велосипедски патеки во близина:
Планинарски патеки во близина: