Папрадиште – село во Општина Кичево, во околината на градот Кичево. Селото Папрадиште се наоѓа во областа Горно Кичево, на западните падини на Добра Вода, оддалечено 20 километри северно од Кичево.
Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Кичевската нахија (Nahiye-I Kirçova) и имало 7 семејства и 1 неженет, сите христијани. Според податоците од 1873 година, селото имало 100 домаќинства со 290 жители муслимани. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Папрадиште живееле 220 жители, сите Албанци.
Извор: Wikipedia
Тура
(во подготовка)
Планинарски патеки во близина:
Велосипедски патеки во близина:
с. Папрадиште – врв Добра Вода – с. Падалиште (15,5 км)
- Наведените опции се вклучени во GPS линкот