Беличица – село во Општина Маврово и Ростуше, сместено високо на планината Бистра, во областа Горна Река, во околината на градот Гостивар. Селото е особено познато по крвавиот масакр изведен од страна на балистите на 19 септември 1944 година.
Беличица е сместено во западниот дел на Македонија, во средишниот дел на општината Маврово и Ростуше. Селото се наоѓа на северните падини на планината Чаушица, разгранок на планинскиот масив Шар Планина. До селото води асфалтен пат кој се двои од регионалниот пат Дебар — Маврово. Патот бил изграден во текот на 1980-тите години. Селото е оддалечено 33,5 километри од најблискиот град Гостивар. Селото отсекогаш било поделено на Долно и Горно Маало, кое било особено погодено со масакрот во 1944 година и оттогаш никогаш не заживеало.
Извор: Wikipedia
Тура
(во подготовка)
Планинарски патеки во близина:
Велосипедски патеки во близина: