Маруша – природно ледничко езеро на планината Стогово во западниот дел на Македонија. Се наоѓа во истоимениот цирк, на северната планинска страна на Стогово, во изворишниот дел на реката Белешница, на надморска височина од 1.809 метри. Езерото по своето потекло е циркно, а дното е изградено од водонепропусните флишни седименти. Поставено е во насока североисток-југозапад и во истиот правец неговата најголема должина изнесува 18 метри. Просечната широчина на езерото изнесува 9,28 метри, а најголемата достигнува до 11,8 метри. Просечната длабочина изнесува 18 сантиметри, додека најголемата длабочина достигнува 48 сантиметри. Езерското огледало зафаќа површина од 166,9 м2, обемот на езерскиот брег изнесува 48 метри, а во ова езеро се насобрани (акумулирани) околу 30 м3 вода.
Езерото Маруша со вода се храни од површински водотеци, околните извори и топење на снегот, како и од подземни води. Самото езеро не е поврзано со дотек или истека, иако се наоѓа непосредно од десната страна од еден од трите изворишни речни ракавци на реката Белешница. За време на висок водостој, водата од езерото истекува кон југозапад во долината на реката Белешница. Во пролет, за време на висок водостој поради интензивното топење на снеговите, нивото на езерото се зголемува за 75 см. Водостојот на езерското ниво е прилично променлив и осцилира во текот на годината, а во отсуство на поголем дотек на вода, најголемиот дел од водата езерото Маруша ја губи од испарување.
Околното месно население, поради малата големина езерото го смета за „бара“ (иако ги има сите одлики на езеро) и наведува дека во најсушниот период во летото прилично ја губи водата што речиси е на граница да пресушува, но сепак целосно не ја загубува водата и е постојано преку целата година.
Езерската вода е проѕирна до самото дно, а после поголемо бранување таа во крајбрежниот дел брзо се заматува. Бојата на водата е синкаста, а во крајбрежниот дел жолтеникава. Ваквите нијанси се јавуваат како последица на синкастиот мул, кој е наталожен по дното на езерото и жолтеникавиот нанос што е депониран во крајбрежниот дел од површинските повремени водетеци.
Извор: Wikipedia
Тура
(во подготовка)
Планинарски патеки во близина:
Велосипедски патеки во близина:
село Могорче – врв Голем Рид (12,5 км)
село Могорче – врв Канеш (13 км)
врв Голем Рид – с. Гари (11 км)
- наведените опции се вклучени во GPS линкот