• Должина во правец: 18 км
  • Тежина: 10/10
  • Време на искачување: 5,5 часа
  • Искачување со деца: /
  • Висинска разлика: 800 м
  • Почетна точка:

    Планинарски дом Смрека – Попова Шапка

Помош за навигација: повеќе во Совети
Карта со сите патеки

Вакаф – предел со помала долина и висорамнина на Шар Планина недалеку од Попова Шапка, во северозападниот дел на Република Македонија. Се наоѓа во средишниот дел на Шар Планина веднаш под огранката која што се протегнува од Титов Врв до над самиот скијачки-центар Попова Шапка, односно во пределот помеѓу гребенот на врвовите Бакардан на југозапад и Орлова Стена и Син Врв на североисток, при што кон запад е затворена со гребенот на оваа огранка, а кон исток е отворена кон Полог. Надморската височина се движи од 2361 метар надморска височина на запад со постепено снижување до зарамнетитот висорамнински предел кој завршува со котата со височина 1892 метри. Во самата долина има повеќе силни извори на вода, помеѓу кои и познатиот Вакафски извор, а се наоѓаат и Вакафските Бачила крај колскиот пат кој води од Попова Шапка. Низ долината Вакаф минува и познатата планинарска „Вакафска патека“ која се користи за искачување на Титов Врв во летни услови. Во овој предел минуваат и планинарските патеки за Боговињското Езеро и врвовите Трпезница и Џинибег, а минува и патеката за планинскиот велосипедски маратон „Шарски води“. Името потекнува од зборот вакаф што значи задужбина основана во побожни, просветни или добротворни цели.

Трапезица – планински врв на Шар Планина, во северозападниот дел на Република Македонија. Тој е составен дел на Шар Планина и неговата височина е 2.599 метри. Се наоѓа во средишниот дел на Шар Планина и претставува точката во која се поврзуваат главниот шарпланински срт и разгранувањето на кое се наоѓаат највисоките шарски врвови Титов Врв (Шар), Мал ТурчинБакардан и тризрачната круна со ПлатСреден Камен и Кривошија, односно токму тој го претставува јазолот кој го поврзува целиот шарпланински масив, издигнувајќи се над изворите и долините на Пена, Смрека и убавото ледничко Бело Езеро кое што се наоѓа веднаш под самиот врв од источна страна. Врвот Трпезница има многу интересен и забележителен изглед со долг и потсечен рамен врв, кој потсетува на трпеза, односно потполно има изглед како трапез. На западната страна врвот завршува со карпест предел над кој штрчат неколку карпести изданоци налик на порта, низ кои минува патеката на Западната Македонска Трансверзала, чиишто учесници редовно прават групни слики на „портата на Трпезница“. Патеката за искачување води од планинарски дом Смрека (1800 мнв) – движење по Вакфска патека – Извори на река Смрека- извори на река Пена – врв Џинибег (2610мнв) и врв Трпезница (2590мнв), при што таа е долга околу 30 км и се пешачи 10 -11 часа, со што спаѓа во категорија Средно тешка. Од врвот се пружа прекрасна глетка на Белото и Боговинското Езеро и голем број на шарски врвови меѓу кои Титов (Шар), Мал Турчин, Бакардан, Бориславец, Рудока, Челепино, висорамнината Шутман, долината на Пена и Полог.

Извор: Wikipedia

Тура

(во подготовка)