• Должина во правец: 12,5 км
  • Тежина: 9/10
  • Време на искачување: 4,5 часа
  • Искачување со деца: 5 часа
  • Висинска разлика: 1.450 м
  • Почетна точка:

    Долна Лешница

Помош за навигација: повеќе во Совети
Карта со сите патеки

Среден Камен – планински врв на Шар Планина, во северозападниот дел на Република Македонија. Тој е составен дел на Шар Планина и неговата височина е 2.456 метри.

Се наоѓа во средишниот дел на Шар Планина, од десната страна на долината во горното изворишно подрајче на реката Пена на огранката која што се одделува од главниот срт на протегање и на која се наоѓаат Титов Врв и највисоките врвови на Шар Планина. Сместен е веднаш во права линија на север од Титов Врв со кој е директно поврзан со стрмен срт и седло високо 2271 метар надморска височина. Од двете страни врвот е одделен со стрмните долини на Лешница (на исток кон Плат) и Крива Шија (на запад кон Кривошиски Врв/Безимен/Чичко Јосиф). Самиот врв кон север во долината на Пена стрмно се изгинува со многу високи карпи поради што тој е именуван и како Среден Камен, бидејќи со целата стрмна и камена (карпеста) северна падина тој е во средина од трите врвови кои се издигнуваат десно над долината на Пена, односно тој е среден од „трите запци“ врвови во долината на Пена зад Титов Врв.

Кривошиското езеро е мало ледничко езеро едно од 27-те на Шар Планина, во Република Македонија. Се наоѓа на 2.250 m надморска висина. Долго е 115, а широко е 87,5 метри, има најголема долабочина од 0,5 метри. Вкупниот обем му изнесува 325 m и има површина од 7.400 m².

Сместено е на самиот крај на длабоката и вовлечена долина Крива Шија по која што го добило името и која што е оградена од запад со истоимениот врв Крива Шија кој го одделува од изворите на Пена, на југ и исток со највисоките шарски врвови Титов Врв (2748 м.) и Мал Турчин (2701 м.), а на североисток со врвот Среден Камен висок 2465 метри. Околу езерото има ливадеста површина, но самото езеро е загадено. Причините се наноси на прав и самото капење на овците кои ја напасуваат околината. Езерото се одржува од неколку притоки, а се одлива преку истек што понира. Сочуваните траги укажуваат дека езерото некогаш било пошироко и подолго.

Извор: Wikipedia

Тура

(во подготовка)

село Бозовце – Долна Лешница (9 км)
Долна Лешница – врв Трета Лешничка Карпа (8 км)
врв Трета Лешничка Карпа – врв Среден Камен (4,5 км)
врв Среден Камен – Долна Лешница (5,5 км)
Долна Лешница – Кривошијски Водопад (4 км)
Кривошијски Водопад – Кривошијско Езеро (2 км)

  • наведените опции се вклучени во GPS линкот