Пескови – планински врв на Шар Планина, во северозападниот дел на Македонија. Тој е составен дел на Шар Планина и неговата височина изнесува 2.651 метар. Се наоѓа на главниот срт на протегање и североисточното било на Шар Планина. Пескови претставува гребен на главниот срт на Шар Планина помеѓу Езерски Врв на исток и Бистрица (Гужбаба) на запад. Има речиси напореднички правец на протегање запад-исток-североисток со повеќе издадени точки коти со надморска височина која се движи од 2.607, 2.603, па најиздадената 2.651 метар која и го претставува самиот врв Пескови, 2.647, 2.633, 2.616, 2.644, 2.608 и 2.609 метри надморска височина. Пескови претставува изразито каменест гребен со многу големи раздробени камени блокови и маси, како и помали камења, поради што има сиво-жолта песоклива боја, заради што најверојатно го добил и името Пескови.
Брезно — село во Општина Теарце, во областа Долни Полог, во околината на градот Тетово и се наоѓа на надморска височина од 1000 м. Селото се наоѓа во областа Долни Полог, сместено во источните падини на Шар Планина, оддалечено 17 километри северно од Тетово.
Чаушица – За да се опише чаушичкиот масив, мора да се спомене зборот „див“. Токму таков е овој предел. Тука дивината дошла до полн израз. Врвовите, гребенот и другиот простор се покриени со големи карпести блокови, раштркани без ред. Тука, освен тврдиот лишај на карпите, и горчливата каменика, не расте ниедно друго растение. Движењето тука е ризично, а освен пасионираните планинари и месните жители, ретко кој друг завлегува овде. Меѓутоа, колку и да е див, пуст и карпест овој предел, сепак тој не е и непривлечен. Токму овие особености му даваат своевидна атрактивност, поради причината дека доколку некој сака да ја доживее дивината, тоа најубаво ќе го реализира овде.
Извор: Wikipedia
Тура
(во подготовка)
Планинарски патеки во близина:
Велосипедски патеки во близина:
Излетничко место Три Воде – врв Пескови (11 км)
с. Брезно – врв Кучи Баба (10,5 км)
- двете опции се вклучени во GPS линкот