Убава (некаде се сретнува и како Убово) – планински врв на планината Караџица на масивот Јакупица во средишниот дел на Македонија. Неговата надморска височина изнесува 2.346 метри. Всушност, со името Убава, кое во денешно време најмногу се користи за највисокиот врв, се именува поголем предел на планината Караџица кој ја опфаќа висорамнината помеѓу врвовите Остри Врв, Пепелјак и Каменити Брег веднаш на сртот над двете Салаковски Езера, малата долина која од овој предел се спушта кон изворите на Кадина Река во месноста Јуручка Карпа и камениот (карпест) гребен кој ги ограничува оваа висорамнина и дол на запад и чијашто надморска височина се движи по котите 2346, 2301, 2288, 2295, 2261 и завршува повторно со 2346 метри на југ. Во својата книга Материјали по изучувањето на Македонија, македонскиот револуционер Ѓорче Петров, запишал дека Црн Врв е соединет со основите на Јакупица преку гребенот Темна Бука, над којшто се издигнува пирамидалниот врв Убово ( Убава н.з.), кој по височината и местоположбата го зазема средното место помеѓу врвовите Јакупица и Црн Врв, а некогаш на тој врв била убиена некоја убава мома, по што и врвот се нарекува Убава.
Извор: Wikipedia
Тура
(во подготовка)
Планинарски патеки во близина:
Велосипедски патеки во близина:
с. Патишка Река – Црн Врв (7 км)
с. Патишка Река – врв Горни Пепељак (8 км)
врв Горни Пепељак – Салаковски Езера (2 км)
с. Патишка Река – Остри Врв (7,5 км)
- наведените опции се вклучени во GPS линкот