• Должина во правец: 14,5 км
  • Тежина: 10/10
  • Време на искачување: 5,5 часа
  • Искачување со деца: 6 часа
  • Висинска разлика: 2.200 м
  • Почетна точка:

    с. Патишка Река

Помош за навигација: повеќе во Совети
Карта со сите патеки

Остри Врв – планински врв на планината Караџица, на планинскиот масив Мокра во средишниот дел на Република Македонија. Неговата надморска височина изнесува 2.263 метри. Се наоѓа на средишниот дел на билото на планината Караџица, непосредно јужно над долината и селото Патишка Река, од каде води обележана планинарска патека за искачување. Врвот претставува многу висок и стрмен карпест отсек на гребен со ситен издробен камењар (сипар) над самата долина на север, додека кон југ неговата падина е тревната и се спушта на главното планинско било на Караџица. Со својот зашилен остар изглед Остри Врв преовладува и доминира прикажувајќи величествена („алпска“) глетка уште од далеку при самиот влез во длабоката долина на Патишка Река. Извонредно големата стрмнина и зашилениот остар изглед се најверојатно причината за неговото именување како Остри Врв. Непосредно на исток од него, на спротивната падина на долот се издигнува врвот Убава со двета Салаковски Езера од каде исто така може да се пристапи до Остри Врв.

Караџица – планински врв на истоимената планина Караџица, на планинскиот масив Мокра во средишниот дел на Република Македонија. Неговата надморска височина изнесува 2.472 метри, со што тој претставува највисок врв на планината Караџица и втор највисок врв на целиот планински масив Мокра. Се наоѓа на средишниот дел на билото и сртот на планината Караџица.

Извор: Wikipedia

Тура

(во подготовка)

с. Патишка Река – Остри Врв (6,5 км)
с. Патишка Река – врв Караџица (10 км)
с. Патишка Река – врв Попово Брдо (14,5 км)

  • наведените опции се вклучени во GPS линкот