• Должина во правец: 53 км
  • Тежина: 9/10
  • Време на искачување: 6,5 часа
  • Искачување со деца: / часа
  • Висинска разлика: 2.000 м
  • Почетна точка:

    с. Богомила – с. Црешнево – с. Нежилово – ПД Чеплес – с. Папрадиште – с. Богомила

Помош за навигација: повеќе во Совети
Карта со сите патеки

Азот (или Азотија) – етногеографска област во средишниот дел на Македонија.

Областа Азот е сместена во долината и по горното и средното течение на реката Бабуна. Оградена е на север и запад со масивот на Мокра Планина (Јакупица, Караџица, Даутица со врвот Солунска Глава), а на југ и југоисток со северните падини на планината Бабуна. Областа се наоѓа југозападно од градот Велес и низ целата област протекува реката Бабуна и поминува пругата за Прилеп и Битола.

Денес, целата област Азот е во составот на општината Чашка односно во нејзиниот западен дел. Областа Азот на југ граничи со Пелагонија односно Општина Долнени (Прилепското Поле), на запад се граничи со областа Порече (Општина Македонски Брод), а на исток и север е отворена кон останатиот дел од велешката област. Областа Азот се всушност селата во околината на селото Богомила (сите села во составот на истоимената општина која опстојуваше до 2004 година) во долината на реката Бабуна. Долината на Бабуна околу селото Богомила се проширува во Богомилското Поле, додека сиот останат дел на областа е изразито планински со изразити стрмнини и густи листопадни и зимзелени шуми.

Потеклото на името на овој предел доаѓа од арапскиот збор Хас или Хасот донесен од Турците, со значење на тешкопристапен или одметнат предел. Оттаму потекнуваат и зборовите асии и азбии за луѓе кои се бунтовници или разбојници. Зборот хас како за тешкопристапен и слабоконтролиран предел се користел и за повеќе други области на Балканот во Отоманското Царство, како на пр. регионот Хас во Албанија. Средновековното име на оваа област било Бабуна, кое е забележано во пишаните извори од 1335 година. Жителите на областа Азот се нарекуваат Ашани или Бабунци, препознатливи по своите етно-културни црти.

Најголемо село во областа Азот (воедно и едно од поголемите села во Велешкиот регион) кое е всушност и средишно место на областа е Богомила. Останати села во Азот се познатите Папрадиште, Нежилово, Габровник, Мокрени, Теово (со својот познат манастир), Согле, Ореше, Капиново, Црешнево, Бистрица, Ораов Дол и Плевење. Исто така за азотски села може да се сметаат Мартолци, Оморани, Стари Град и Поменово (кои биле во состав на поранешната Општина Извор).

Извор: Wikipedia

Тура

(во подготовка)