Козјак – средновисока планина која се наоѓа во областа Мариово во јужниот дел на Македонија. Се наоѓа меѓу планините Ниџе и Кожуф, издигнувајќи се од левата страна на Рожденска Река и Блаштица, а се протега од Црна Река на север во меридијански правец сѐ до македонско-грчката граница на југ.

Поточно, таа се јавува како северно отклонување и огранка на целиот планински масив на Ниџе и Кожув и со своето протегање таа воедно ги дели прилепскиот и тиквешкиот (кавадаречкиот) дел на Мариово. Билото кое е голо и доста заоблено има меридијански правец на протегање од север кон југ, со највисок врв Балтова Чука (1.823 м). Северно веднаш до него се наоѓа нешто понискиот врв Перум (1.807 м), додека на север е појасно издадениот врв Перун (1.703 м), а во северниот дел се исто така и врвовите Дуров Камен (1.569 м), Мешник (1.470 м) и Зелка (1.426 м), додека на самата граница со Грција е врвот Голем Козјак (1.814 м).

Самата планина има поголема разгранетост кон запад каде се наоѓа гребенот Скрка со врвот Панделе висок 1.344 метри. Меѓу превоите најзначаен е Трибор (1.406 м) преку кој комуницираат прилепскиот и кавадаречкиот дел на Мариово. Во тектонско-геолошки поглед претставува синклинала составена од гнајсеви, микашисти, со гранитоидни тела и мермери. Планината изобилува со многу шума каде што особено многу е застапен црниот бор.

извор: Wikipedia

Знаменитости

(во подготовка)

Балтова Чука 1823
Перум 1807
Перун 1703
Дуров Камен 1569
Мешник 1470
Зелка 1426
Голем Козјак 1814
Мал Козјак 1777
Кравица 1682
Железна Врата 1697
Козјаков Камен 1629
Трибор 1442

Активности

(во подготовка)

Планинарски патеки

Велосипедски патеки