Болетин – целосно раселено село во областа Долна Река, во Општина Маврово и Ростуше. Селото најпрвин запишано како Болитин се сретнува во 1467 година во турски документи. Се верува дека името потекнува од личното име Болеслав или Болемир, што доаѓа од старословенскиот корен „боле“, што означува подобар.
Ова село се наоѓа во областа Долна Река, во средишниот дел на територијата на Општина Маврово и Ростуше. Селото е раселено уште од 1961 година. Болетин се наоѓа на излезот на реката Радика од Баричка Клисура, сместено на левиот брег на реката. Селото е сместено на околу 820 метри надморска височина.
Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Бана, Мал Болетин, Ороски, Лазови, Ѓубриште, Трапије и Корита.[4]
Над селото се издигнува шума и се наоѓаат мали пасишта. Покрај самата река се наоѓаат мали обработливи површини, ливади и по некое лозје. Селото било од збиен тип. Постоеле две главни маала, Рамковци и Горно Маало.
Извор: Wikipedia
Тура
(во подготовка)
Планинарски патеки во близина:
Велосипедски патеки во близина: