Јанче – село во Општина Маврово и Ростуше, едно од мијачките села во областа Долна Река, во околината на градот Дебар. Јанче се наоѓа во областа Долна Река, во југозападниот дел на територијата на Општина Маврово и Ростуше, непосредно од левата страна на реката Радика и на патот Гостивар-Дебар. Селото е сместено на југозападната падина на планината Бистра. Селото е планинско, сместено на надморска височина од 760 метри.
Селото има збиен тип и куќите се наоѓаат покрај патот. Самите куќи се скалесто наредени, поради што добива изглед на орловско гнездо среде планинските врвови.
Според легендата, првиот жител на селото бил човек со име Јане, по кого се сметало дека селото го добило името.
Постојат мал број на пишани документи за ова село, од кои се гледа дека Јанче се наоѓало во месноста Јанечки Ливади, скриено заради честите качачки пљачкосувања. Подоцна селото се преместило поблиску до патот за полесна комуникација со останатите населени места.
Селото првпат се споменува во османлиските пописни дефтери од 1467 година, кога имало само 1 христијанско семејство (Ѓерѓ Илиевиќ). Потоа се споменува и во 1536/39 година со 6 семејства и во 1583 година со 8 семејства и 3 неженети.
Јанче е една од најстарите населби во мијачкиот регион од пред повеќе од пет века во долнореканскиот крај, која се споменува уште во документацијата на архивот на Истанбул.
Ѓеневичките Водопади или Водопадите на Ѓенeвица се живописен предел во Република Македонија, во Општина Маврово и Ростуше. Од извориштето на околу 1400 m надморска височина, до утоката во Радика на околу 650 m надморска височина, реката Ѓеневица тече во должина од 8 км, низ ливади, шума и карпи, правејќи водопади и каскади. Највеличествен дел претставува најзиниот кањон, кој не е целосно пристапен, заради тешкиот терен. Водопадите се сместени во Општина Маврово и Ростуше. Иако долго време не била пропагирана нивната атрактивност, тие денес се достапни за вљубениците во природата и за туристите. До водопадите се изградени пешачки патеки кои ги сечат рекичките со малечки мовчиња, патокази, дрвени колиби и клупи за посетителите.
Извор: Wikipedia
Тура
(во подготовка)
Планинарски патеки во близина:
Велосипедски патеки во близина:
село Јанче – село Галичник (6 км)
село Јанче – Ѓеневичките Водопади (3 км)
село Галичник – врв Старци (3 км)
село Галичник – Ѓеневичките Водопади (4 км)
- двете опции се вклучени во GPS линкот



















