• Должина во правец: 2,5 км
  • Тежина: 3/10
  • Време на искачување: 1,5 часа
  • Искачување со деца: 2 часа
  • Висинска разлика: 170 м
  • Почетна точка:

    с. Лазарополе

Помош за навигација: повеќе во Совети
Карта со сите патеки

Лазарополе (во месниот говор како: Лазорополе) — целосно раселено село во Општина Маврово и Ростуше, сместено во областа Мијачија.

Настанокот на името Лазарополе се поврзува со легендата која се одржува како предание селаните од Главино Село бегајќи од Турците се сокриле во пештерата Калина Дупка, каде ги издала „луда Калина“ па Турците ги загушиле со чадот од запалениот оган. Само некој Лазар се спасил од пештерата од која излегол од другата страна во полето каде основал ново село. Од неговото име Лазар кој излегол во полето и го основал новото село настанало името Лазарополе.

Ова село е доста специфично, бидејќи во почетокот на XX век броела над 3.000 жители. Сместено е во областа Мијачија, во јужниот дел на територијата на Општина Маврово и Ростуше, на падините на планината Бистра, чиј атар се допира со подрачјето на Општина Кичево. Селото е планинско, сместено доста високо на 1.300 метри надморска височина.

Селото се наоѓа на високо поле (над 1.300 метри), низ кое поминува Лазарополска Река, кога оттаму се пробива кон долината на Мала Река. Поради стрмниот дел од долината на Мала Река селото е целосно невидливо. Самата местоположба е многу поволна, а на краевите на полето се наоѓаат пештери.

Калина Дупка – пештера која се наоѓа на планината Бистра, во близина на селото Лазарополе. Се состои од еден меандерски канал со должина од околу 300 метри. Во нејзиниот почетен дел истражувана е рецентната пештерска фауна, при што е пронајден ендемски претставник Troglophilus Lazaropolensis. Според категоризацијата на пештерите во Македонија, Калина Дупка спаѓа во категоријата значајни пештери.

Извор: Wikipedia

Тура

(во подготовка)

с. Лазарополе – врв Соколица (2,5 км)
с. Лазарополе – Калина Дупка (2 км)

  • двете опции се вклучени во GPS линкот