Извор – село во областа Копачка, во Општина Кичево, во околината на градот Кичево. До март 2013 година, селото било дел од поранешната Општина Другово, која била споена со Општина Кичево.
Селото се наоѓа во областа Копачка, во јужниот дел на територијата на Општина Кичево, на самиот пат Кичево-Охрид, во изворишното сливно подрачје на реката Треска. Селото е рамничарско, на надморска височина од 745 метри. Од градот Кичево е оддалечено 14 километри. Младото село Извор се наоѓа на патот Кичево-Охрид и на некогашното железничка линија со тесен колосек до Охрид. Основано е во горниот дел на долината на Треска, околу врелото Извор, по кого го добило и името. Земјиштето на кое е основано селото било атар на соседното планинско село Душегубица.
Лопушник е планина која е јужен огранок на планината Бистра. Географски, огранокот се дели на Горни и Долни. Целата месност е пониска од околните врвови на Бистра и е со густа букова шума. Највисока точка е врвот Стог со надморска височина од 1.574 метри.
Во македонската историја планината е позната по тоа што на овие падини во НОБ одредено време престојувал Главниот штаб на НОВ и ПОМ. Во редовите на партизаните на Лопушник бил и Кочо Рацин, кој тука и загинал. Тука се наоѓа и неговото прво почивалиште, каде секоја година традиционално се одбележува годишнината од неговата смрт.
Извор: Wikipedia
Тура
(во подготовка)
Планинарски патеки во близина:
Велосипедски патеки во близина: