Сенце – село во Општина Маврово и Ростуше, во областа Горна Река, сместено на патот помеѓу градовите Гостивар-Дебар. Сенце се наоѓа во областа Горна Река, во средишниот дел на територијата на Општина Маврово и Ростуше, на северозападната падина на планината Бистра. Селото е планинско, сместено на надморска височина од 1.100 метри.
Селото е сместено на Бистра, кон Баричката Клисура, малку пониско од Беличица. Сепак е сместено доста високо во планината. До него води тесен асфалтен пат, кој се исклучува од регионалниот пат Маврово-Дебар. Во 1852 година жителите на Сенце го помагаат издавањето на книгата „Утешение грешним“ на Кирил Пејчиновиќ. Во XIX век, Сенце било село во Реканската каза на Отоманското Царство.
Сенечко Езеро – повремено природно поледничко езеро кое се наоѓа на планината Бистра во Македонија.
Сместено е во вдлабнатина – цирк, на надморска висина од 1.762 м. во северозападниот дел на планината Бистра на огранката наречена Чаушица под врвот Голем (или Езерски) Рид (2015 м.н.в.) близу до заезерната мочурлива висорамнина Езериште, во околината на селото Сенце поради што е и наречено Сенечко Езеро, при што припаѓа во рамките на Националниот парк Маврово. До езерото може да се стигне по неколку патеки, и тоа од селата Беличица од каде што постои обележана планинарска патека, како и од Сенце и Волковија.
Езериште – заезерната мочурлива висорамнина на планината Бистра. Месноста Езериште е сочинета од неколку локви, бари, мочуришта и езерца, длабоки до половина метар, кои се наоѓаат во подножјето на гребенот и врвот Голем Рид на северозападната огранка наречена Чаушица, помеѓу месностите Планиница и Лекочере во непосредната близина на Сенечко Езеро. Дел од водите на Езериште се сливаат малата планинска рекичка Беличица на исток, а дел во Сув Дол над Сенце кон север.
Извор: Wikipedia
Тура
(во подготовка)
Планинарски патеки во близина:
Велосипедски патеки во близина:
с. Сенце – врв Голем Рид (5 км)
с. Сенце – Сенечко Езеро (7 км)
с. Беличица – врв Голем Рид (6,5 км)
с. Беличица – Сенечко Езеро (4,5 км)
- наведените опции се вклучени во GPS линкот










