• Должина во правец: 8,5 км
  • Тежина: 7/10
  • Време на искачување: 3 часа
  • Искачување со деца: 3,5 часа
  • Висинска разлика: 780 м
  • Почетна точка:

    с. Маврови Анови

Помош за навигација: повеќе во Совети
Карта со сите патеки

Врбен – село во Општина Маврово и Ростуше, во областа Горна Река, во околината на градот Гостивар.

Врбен е планинско село коешто се наоѓа на јужните падини на планината Враца, во горното сливно подрачје на реката Радика, на надморска височина од 1.260 м. Селскиот атар е релативно голем и зафаќа површина од 25,6 км2. Селото е оддалечено 29 километри од градот Гостивар. Селото е поврзано со асфалтен пат од Маврови Анови, кој понатаму продолжува како макадамски пат до селото Богдево. Во XIX век, Врбен било село во Реканската каза на Отоманското Царство.

На почетокот на XIX век, Врбен, како и останатите села во областа Горна Река, е во активен процес на албанизација. Во 1844 година, селаните Силјан и Трпо финансиски го поддржале издавањето на книгата „Первоначална наука за должностите на човекот“ од Атанасиј Иванов, а во 1852 година, жители на селото го поддржале издавањето на книгата „Утешение грешним“ од Кирил Пејчиновиќ. Во селото е сместена проточната ХЕЦ „Врбен“, којашто заедно со ХЕЦ „Вруток“ и ХЕЦ „Равен“ е дел од ХС „Маврово“. Хидроелектраната е најоддалечена од сите три на хидросистемот.

Извор: Wikipedia

Тура

Турата ја започнуваме од Ski-Hut Gorica во село Маврови Анови каде постои можност за паркинг на 1 -2 возила. Ја одбравме најкратката опција од 2 КМ, но наша препорака е доколку се одлучите за оваа тура е сосема друга – опција од 4 КМ бидејќи при крај од пократката патека, истата е во прекин поради трасирање на пат и препреки од исечени дрва. Наша претпоставка за причините за прекин на патеката е дека тука поминува заштитниот коридор од пожари кој се случуваше во летниот период 2024 година.

Опцијата од 2 КМ до врвот започнува со сериозна угорнина и трае се до врвот. На почетокот се движиме во прекрасна шума и по изминат 1 километар излегуваме од шумата и пристигнуваме до крстосницата каде пократката патека продолжува стрмно кон врвот, додека подолгата патека која се двои кон северо-исток всушност го заобиколува врвот и ги нуди најмагичните погледи кон Мавровското езеро. На самиот врв од другата страна на планината уживаме во прекрасниот Корабски Масив.

с. Маврови Анови – врв Кожа (5,5 км)
с. Врбен – врв Кожа (3 км)

  • двете опции се вклучени во GPS линкот