• Должина во правец: 11,5 км
  • Тежина: 8/10
  • Време на искачување: 4,5 часа
  • Искачување со деца: 5 часа
  • Висинска разлика: 1.630 м
  • Почетна точка:

    с. Белица

Помош за навигација: повеќе во Совети
Карта со сите патеки

Белица – село во Општина Македонски Брод, во областа Порече, во околината на градот Македонски Брод.

Името на селото првпат е споменато како „Белица“ во турски документи од 1468 година. Името потекнува од бел, семантички еквивалент на „Бела Река“. Преземено од хидронимот Белица, настанат од придавната синтагма „Бела (Вода)“ од бел „кој има боја на снег, на млеко: прозрачен, чист“.

За името Белица постојат две теории, едната вели дека поради белата бистра река се нарекло Белица, а додека другата теорија вели дека село е наречено по легендата за некоја девојка Белаица, која во тој период требало да се потурчи, не прифатила и се фрлила во реката и по тоа селото и реката го носат името Белица.

Селото се наоѓа во областа Порече, на крајниот источен дел од Општина Македонски Брод, чиј атар високо се издига меѓу планините Караџица и Даутица.[3] Селото е рамнинско, на надморска височина од 550 метри. Од градот Македонски Брод е оддалечено 34 километри.[3]

Белица има еден од поголемите атари по површина во Македонија, со вкупна големина од 89 км2. Низ селото тече реката Белица, којашто е притока на реката Треска. Реката претставува заштитен споменик на природата.

Во близина на селото постојат бројни подземни пештери, кои изобилуваат со внатрешна пештерска кореографија, како што се пештерите: Момичак, Лапарница и Гулубарница.

Извор: Wikilock

Тура

(во подготовка)

с. Папрадиште – врв Даутица (10,5 км)
с. Белица – врв Миленков Камен – с. Патишка Река (23 км)

  • наведените опции се вклучени во GPS линкот