Дебарско Езеро или Шпиље – вештачко езеро во западниот дел од Македонија, јужно од Дебар на местото каде што реката Радика се влева во реката Црн Дрим кај месноста Шпилски Мост. Се наоѓа во близина на македонско-албанската граница. Има површина од 13,2 км2, 92 м длабочина и надморска височина од 580 м. Се користи како акумулација за ХЕЦ Шпилје.
Езерото е создадено со подигање на брана во висина од 102 м, која била градена во периодот од 1966 до 1968 година. Полнењето на акумулацијата завршило во 1969 година.
Дебарското Езеро е најбогатото езеро со вода од сите вештачки езера во Македонија. Вкупниот волумен на акумулацијата е 520 милиони м3, а корисниот волумен изнесува 223 милиони м3 вода.
Температурата на езерската вода изнесува околу 14.4°С, минималната се спушта на 3.0°С, а максималната до 23.9°С. Прозирноста на водата се движи од 4.4 м во средишниот дел, до 2.5 м во крајбрежјето.
Недалеку од источниот брег на езерото се наоѓа Дебарскиот Остров, сместен околу 1 км северозападно од селото Праленик.
Извор: Wikipedia
Тура
(во подготовка)
Велосипедски патеки во близина:
Планинарски патеки во близина: