Караџица – планински врв на истоимената планина Караџица, на планинскиот масив Мокра во средишниот дел на Република Македонија, со следниве географски координати: 41o 44′ 23” северна географска широчина, 21o 19′ 52” источна географска должина. Неговата надморска височина изнесува 2.472 метри, со што тој претставува највисок врв на планината Караџица и втор највисок врв на целиот планински масив Мокра. Се наоѓа на средишниот дел на билото и сртот на планината Караџица.
Иванов Камен – врв на планината Караџица на планинскиот масив Мокра во централниот дел на Македонија. Неговата надморска височина изнесува 2.108 метри. Се наоѓа на западната падина на планината Караџица, на самиот нејзин јужен крај. Врвот Иванов Камен издигнува високо и стрмно над Порече над раздробениот дол на Белица на запад, близу до вториот највисок врв е Попово Брдо (2380 м.) на исток, на север од него е највисокиот истоимен врв Караџица (2472 м.), додека на југ и југоисток се месноста Попов Гроб и карстното Солунско Поле. Иванов Камен се наоѓа на западната страна на планинското било и е одвоен односно поврзан со главниот срт на протегање кон исток. Од самиот врв се отвора прекрасна глетка кон цело Порече на запад и долот на Белица исполнет со борова зимзелена шума, стрмни карпи, Боро Поле кон север и протегањето на Мокра и Даутица со врвовите Перчулица и Бел Камен кон југ. До врвот нема обележани планинарски патеки, но има разгазена патека од добиток (овци и диви кози) која оди од Солунско Поле.
Извор: Wikipedia
Тура
(во подготовка)
Планинарски патеки во близина:
Велосипедски патеки во близина:
с. Белица – врв Попово Брдо (10,5 км)
с. Патишка Река – врв Караџица (14,5 км)
- наведените опции се вклучени во GPS линкот