Ѓаволски Ѕид – природна карпеста појава на југозападните падини на планината Богословец и десниот брег на реката Брегалница.
Ѓаволскиот Ѕид се наоѓа околу 2 км југоисточно од врвот Свети Јовански Рид и околу 250 м северно од реката Брегалница, на надморска височина од околу 250 м. Месноста во којашто е сместен е релативно слабо пристапна. Со теренсо возило, до него може да се пристапи од два правци. Првиот е по макадамски пат којшто води од ЖС „Овче Поле“ до селото Богословец во должина од 5,5 км. Потоа, по патека се оди пеш до седлото Калиманец (548 м) меѓу врвовите Свети Јовански Рид (755 м) од десната (северна) и Тиски Врв (747 м) од левата (јужна) страна во југозападен правец на движење во должина од 5 км. Оваа патека на движење е потешка, особено во крајниот дел. Вториот начин е по макадамски пат кој започнува близу ЖС „Овче Поле“, продолжува покрај селата Делисинци и Аџибегово, и води по течението на Светиниколска Река. По поминати 7 км и околу 1 км пред вливот на Светиниколска Река во Брегалница се скршнува кон исток по слабо проодна патека и по околу 2,5 км се пристигнува до Ѕидот.
Ѕидот се протега во правец исток-запад-северозапад во должина од 300-400 н. Појавата започнува од месноста Грлиште во југозападното подножје на Тиски Врв (747 м), продолжува околу 260 м кон запад до месноста Плавиште и потоа свртува кон северозапад долж западното подножје на планината Богословец. Карпестите образби се најизразени од обете страни на Грлишки Дол, односно на 50 м од реката Брегалница од нејзината десна страна. На источната страна од долот, појавата е долга околу 100 м и во средишниот дел речиси целосно е еродирана до подлогата. На западната страна од долот, појавата е нешто подолга и пониска. Висината на Ѓаволскиот Ѕид е променлива во зависност од сочуваноста и интензитетот на ерозија, а во просек изнесува од 2-5 м со најголема висина од 11 м. Ширината е релативно изедначена, но поради различниот интензитет на ерозија се движи од помалку од 1 м до околу 2,5 м. На некои места каде што карпите се поцврсти, од Ѓаволскиот Ѕид се испакнуваат ‘ртови, што исто така е последица на различниот интензитет на ерозија.
Постои научен спор во однос на потеклото на Ѓаволскиот Ѕид. Најзастапено е мислењето дека се работи за природна карпеста појава, но постојат и мислења дека станува збор за древна мегалитска градба. Во 1970 година, југословенскиот археолог Милутин Гарашанин утврдил присуство на врзивен материјал со црвена боја меѓу некои од блоковите, што оди во прилог на тезата дека се работи за човечка творба. Сепак, ваквата претпоставка наметнува колебање околу тоа како се изведувала изградбата, бидејќи ѕидот се наоѓа на изразито тешко пристапно терен. Поради тоа, превезувањето на огромни камења тешки и по 4 тона барало соодветна техника и умешност на градителите.
Извор: Wikipedia
Тура
(во подготовка)
Планинарски патеки во близина:
Велосипедски патеки во близина: