• Должина во правец: 15 км
  • Тежина: 6/10
  • Време на искачување: 2 часа
  • Искачување со деца: 2,5 часа
  • Висинска разлика: 600 м
  • Почетна точка:

    Свети Николе

Помош за навигација: повеќе во Совети
Карта со сите патеки

Вилазора (старогрчки: Βυλάζωρα) или Билазора — пајонски град од периодот на раната антика. Се наоѓа во Овче Поле; денес наоѓалиштето се вика „Градиште“, во месноста Славков Дол кај селото Кнежје. Градот заедно со подградието зафаќал површина од 20 хектари. Според стручњаците, два значајни датума во историјата на Античка Македонија се поврзуваат со градот Вилазора: 217 година п.н.е. кога македонскиот крал Филип V ја обновил нејзината утврдувачка мрежа и 168 година п.н.е. кога македонскиот крал Персеј во фаза на подготовки за Третата македонско-римска војна успеал да договори воена помош од страна на Галите кои биле стационирани во близина на Вилазора.

Геоглиф со површина речиси колку едно фудбалско игралиште се наоѓа во Овче Поле, близу Свети Николе.

По откривањето на древниот пајонски град Вилазора, се зборува дека на мистериозниот рид во Црнилиште се наоѓа гробот на Александар Македонски. Оваа вест најпрвин се пренесуваше срамежливо и скептично, но откако пред две години независниот истражувач од Хрватска, Домагој Николиќ, во популарната емисија На рубу знаности” ги објави своите сознанија за Александар Македонски.

Независниот хрватски истражувач, кој патем, има импозантно портфолио, своите аргументи дека гробницата на Александар Македонски се наоѓа во Црнилиште ги темели на читањата на геоглифот, за кој тврди дека ја прикажува сликата на големата мајка. Според Николиќ, сликата се огледува поточно математички, астрономски и геометриски, во чест на роденденот на Александар Македонски, кој се слави секоја година на 21 или на 22 јули.

Извор: Wikipedia

Тура

(во подготовка)