„Св. Пантелејмон“ – манастирска црква во истоимениот манастир во с. Горно Нерези, на планината Водно, осум километри југозападно од Скопје. Манастирскиот комплекс е ограден со високи ѕидови, а во него се наоѓаат црквата изградена во македонски стил и манастирските конаци. На ѕидовите на овој споменик на културата е сочувано фрескосликарство, коешто по своите квалитети се вбројува меѓу врвните дострели на византиското сликарство од времето на династијата Комнини.
Црквата била подигната од византискиот принц Алексеј Ангел син на Константин Ангел и Теодора, ќерка на византискиот цар Алексеј I Комнин (1081 – 1118). За подигањето на црквата во 1164 година сведочи натписот на мермерниот надвратник помеѓу нартексот и наосот на црквата, а чија содржината вели: „Се разубави овој храм на светиот и славен Великомаченик Пантелејмон со средства на господинот Алексеј Комнин, син на перфирородна госпоѓа Теодора во месец септември индикт 13 година 6673 (=1164), при игуменството на Јоаникиј монах“
Црквата која е изградена во македонски стил, според своите димензии, спаѓа во редот на помалите цркви од типот впишан крст во правоаголен простор, односно комбинација со слободен крст. За градење на црквата бил употребен обичен кршен камен, изваден во околината на манастирот и тули, кои со големо мајсторство се претворени во полихромни површини што го нагласува впечатокот како објектот да израснал од една монолитна стена, која во горниот дел завршува со една поголема осмострана и четири помали четиристрани куполи.
Од времето на градењето на црквата во 1164 година до 1555 година, кога во овој крај се случил еден од посилните земјотреси, манастирот бил целосно сочуван. Какви биле и колку настрадале старите манастирски конаци не е познато, но за црквата со сигурност се знае дека ја загубила централната купола во којашто, може да се претпостави, бил насликан Исус Христос Седржител, со фигурите на пророците фланкирани од страните на осумте прозорци. Биле оштетени и некои од сводовите, во кои биле насликани композиции што ги илустрираат Големите празници. Работејќи врз новиот живопис зографите настојувале да го сочуваат секој квадратен сантиметар од стариот, подредувајќи го својот цртеж и композиција кон фрагментарно сочуваните фигури од стариот живопис. Овие настојувања посебно ги илустрира композицијата „Причестувањето на апостолите“ насликана во просторот на апсидата, каде што под некои од новонасликаните светители се распознаваат и делови од телата на светителите што биле насликани во рамките на стариот живопис.
Во втората половина на XIX век врз постариот живопис бил насликан нов кој бил дело на невешт зограф, и со кој целосно бил покриен стариот живопис. Во 1926 година повторно е откриен поголем дел од стариот живопис.
Извор: Wikipedia
Тура
Супер тура за целото семејство + гратис паркинг и без гужвање на Средно Водно. Патеката започнува веднаш од Македонско Село кое е за жал затворено. Првите стотина метри, патеката се движи по земјен трасиран пат и потоа започнува планинарска патека низ прекрасна зимзелена шума. На 2/3 од рутата, патеката се спојува со познатата рута Водно – Матка. Идеална патека за семејства, дечиња, баби и дедовци :)
Планинарски патеки во близина:
Велосипедски патеки во близина: