• Должина во правец: 22 км
  • Тежина: 8/10
  • Време на искачување: 5 часа
  • Искачување со деца: 6 часа
  • Висинска разлика: 1.500 м
  • Почетна точка:

    Кочани

Помош за навигација: повеќе во Совети
Карта со сите патеки

Гратчевски Водопад – водопад сместен на планината Осогово, по течението на Велика Река, на околу 1 км од езерото Гратче. Во 1958 година, на Велика Река била изградена помошна брана од камени блокови којашто имала за цел да го спречи наглиот проток на водата до месноста Рамна Скала, каде што се градела главната брана. Со надоаѓањето на гранки, камења и земја, помошната брана започнала да се полни со почва, па со тек на време се создал водопад. Водопадот е висок 12 м и е оддалечен околу 1 км од вливот на Велика Река во езерото Гратче.

Белски манастир – манастир во источниот дел на Македонија, на планината Осогово, во близина на селото Бели. Темелите за изградба на манастирот биле поставени во 1964 година, а се верува дека на тоа место имало манастир и во минатото. Во 2011 година, до манастирот бил изграден асфалтен пат, а просторот бил уреден со клупи и други содржини.

Во склоп на манастирот влегуваат една црква, помошни објекти, летниковци, бунар и стар даб.

Црква „Свети Илија“
Црквата има правоаголна основа со полукружна апсида на источната страна, а пред главниот влез од западната страна е доградена припрата. Внатрешноста на црквата не е зографисана.

Даб
Во дворот на манастирот се наоѓа даб од видот на благуни (науч. Quercus pubescens) којшто се смета дека е стар околу 680 години, со што е еден од најстарите претставници од овој вид во регионот, а со закон е заштитен како споменик на природата. Дабот е висок 19 м и има обем на стеблото од 5,9 м. Во октомври 2019 година, дабот бил прогласен за природна реткост.

Извор: Wikipedia

Тура

(во подготовка)