• Должина во правец: 20 км
  • Тежина: 7/10
  • Време на искачување: 4 часа
  • Искачување со деца: 4,5 часа
  • Висинска разлика: 950 м
  • Почетна точка:

    Пониква

Помош за навигација: повеќе во Совети
Карта со сите патеки

Пониква – туристички центар и викенд-населба на Осоговските Планини во источна Македонија. Оддалечен е околу 20 км северно од Кочани, на надморска височина од 1.560 метри во предел со густа букова шума и разновидна вегетација. Зацртан како еден од 34-те зимски туристички центри во просторниот план на Република Македонија, Пониква зазема особено важно место во развојот на туризмот и општиот развој на Осоговијата.

Урбаниот простор опфаќа два ски-лифта, викенд-куќи (единечни и двојни), автокампови, бунгалови, објекти за дневно снабдување, повеќенаменски простори, терени за спорт и рекреација, хотели, одморалишта, угостителски објекти, сервис и услуги за скијачка опрема. На Пониква, покрај викенд-населбата, неколкуте мотели, има и детско одморалиште со капацитет од 220 легла.

Природните убавини, еколошки чистиот амбиент и поволната клима се одлични предуслови за големата посетеност на туристите. За да има можност за побрз развој, на туризмот на месноста Пониква, потребно е да се изврши подобрување и довршување на инфраструктурата, обезбедување на доволни количини вода и електрична енергија. Покрај веќе изградените спортски терени сè повеќе се најавуваат иницијативи и потенцијални заинтересирани инвеститори за изградба на патеки за биатлон и нордиско трчање. Покрај Пониква на Осоговијата има и други извонредни места за изградба на патеки за скијање со поголема должина, како што се терените под Царев Врв.

Извор: Wikipedia

Тура

(во подготовка)