Пупуљак – планински врв на Јабланица, во западниот дел на Македонија. Неговата надморска височина изнесува 2.054 метри. Се наоѓа во средишниот дел на планината Јабланица, односно во северниот дел на нејзиното главно било, во непосредната близина на врвот Стрижак и двете езера Горно и Долно Лабунишко Езеро. Препознатлив е по својот многу интересен и доминантен зашилен изглед, со остар шпиц како игла или забец – песјак. Од главниот срт на протегање на планината Јабланица е одвоен непосредно на исток, а од блискиот врв Стрижак е поставен на југозапад. На неговата источна и југоисточна падина има огромен карпест предел голем околу 100-200 метри, погоден за алпинистичко искачување.
Горната Лабунишка локва е мало и едно од четирите леднички езера на Јабланица. Зафаќа површина од 960 м2, додека обемот изнесува 274 м. Езерото има кружна и кон исток издолжена форма налик на круша и растојанието во насока север-југ изнесува 62 м, а во насока исток-запад 56 м. Длабоко е 2,85 м.
Долната Лабунишка локва е најмалечкото од четирите леднички езера на Јабланица. Има површина од 900 м2, а обем 250 м. Езерото има слоро исти карактеристики како Горното. Формата му е скоро кружна и растојанието во насока север-југ изнесува 58 м, а во насока исток-запад 49 м. Длабоко е 2,45 м.
Извор: Wikipedia
Тура
(во подготовка)
Планинарски патеки во близина:
Велосипедски патеки во близина:
Лабунишки Бачила – врв Пупуљак (5 км)
врв Пупуљак – врв Незирица (5 км)
врв Пупуљак – врв Стрижак (4 км)
- наведените опции се вклучени во GPS линкот