Вевчани – село во областа Дримкол, во околината на градот Струга, во југозападниот дел на Македонија и седиште на истоимената општина, единствената во Македонија со само едно населено место.
Селото се наоѓа во областа Дримкол, во западниот дел на Струшко Поле, чиј атар на источната страна на планината Јабланица, се издига на нејзиниот срт каде што се допира со државната гранична линија со Албанија. Селото е ридско, чии куќи се издигаат на надморска височина од 820 до 980 метри. Од градот Струга, ова големо село е оддалечено 13,5 километри, а од регионалниот пат Струга-Дебар околу 7 километри.
Вевчани е сместено во подножјето на источните падини на планината Јабланица, на надморска височина од 800 метри. Поточно, селото е сместено на границата односно допирот помеѓу планинската падина на Јабланица на запад и рамнината на котлинското дно на исток.
Атарот на Вевчани се наоѓа северозападно од Охридското Езеро на западната страна на Струшкото Поле на источната страна на планината Јабланица. Се протега во насока исток-запад, од подножјето, преку ридестиот терен, сè до сртот на планината Јабланица. Се граничи со Општина Струга, а во потесен дел ја допира државната гранична линија со Албанија.
До Вевчани води асфалтиран пат кој од Струга минува низ селата Враништа и Велешта. Вевчани е големо село налик на гратче („паланка“) и тоа доста добро урбанизирано, уредено и регулирано. По средината на населбата минува главната улица во правец исток-запад на која се сконцентрирани повеќето продавници, хотели, ресторани, трговски и занаетчиски дуќани, домот на културата и отворената сцена на амфитеатарот и Здравствениот дом.
Вевчани претставува седиште на истоимената општина и тоа е единствен случај во Македонија, само една населба да претставува засебна општина.
Соседни села на Вевчани се: Подгорци на север, Октиси на југ, Велешта на исток и Горна Белица на југозапад.
Траги од населбата постојат од III век пред Христа. Неговата прва локација не била денешно Вевчани, туку тоа се наоѓало нешто подолу од подножјето на планината Јабланица, на местото што денеска се вика Селиште. Можно е и да дошло до некакво спојување на античко македонска населба која се наоѓала во областа Вајтос која се наоѓа непосредно над Вевчани, со споменатата населба Селиште, така формирајќи го на денешната локација (меѓу Вајтос и Селиште).
Првите легенди и писанија за Вевчани велат дека е стара населба, а нејзините почетоци датираат од крајот на VI, односно почетокот на VII век, кога племето Берзити (Брсјаци) го преплавиле Струшкиот Крај и ја населиле локацијата на денешно Вевчани, југоисточно од планината Јабланица. Тука повторно има мала неконзистентност, затоа што денес Вевчани е претежно мијачка населба.
Вевчански Извори – едни од поретките псевдопериодски сифонски врела во Македонија. Сместени се на источните падини на планината Јабланица, кај селото Вевчани, на надморска височина од 900 метри. Главниот извор е сместен во отворот на пештера. На десетина метри подолу, се наоѓаат неколку постојани извори кои подземно комуницираат со главниот извор. Капацитетот на Вевчанските Извори во влажниот период од годината изнесува околу 1.500 литри во секунда.
Извор: Wikipedia
Тура
(во подготовка)
Планинарски патеки во близина:
Велосипедски патеки во близина:
с. Вевчани – Вевчанска Локва (4,5 км)
Вевчанска Локва – врв Црвени Камен (4,5 км)
Вевчанска Локва – врв Црн Камен (2 км)
с. Вевчани – Подгоречко езеро (7 км)
Подгоречко езеро – Лабунишко езеро (1 км)
- наведените опции се вклучени во GPS линкот