• Должина во правец: 4 км
  • Тежина: 6/10
  • Време на искачување: 3 часа
  • Искачување со деца: 3,5 часа
  • Висинска разлика: 1000 м
  • Почетна точка:

    с. Јабланица

Помош за навигација: повеќе во Совети
Карта со сите патеки

Јабланица – село во областа Дримкол, во Општина Струга, на патот помеѓу градовите Струга и Дебар. Името на селото првпат е споменато како „Јабланица“ во 1342 година. Селото се наоѓа во областа Дримкол, во северниот дел на територијата на Општина Струга, на источните огранки на планината Јабланица, чиј атар високо се издига на планината. Селото може да се смета како планинско, на надморска височина од 840 метри. Од самиот град Струга е оддалечено 25 километри.

Селото Јабланица се наоѓа во областа Дебарски (Долни) Дримкол, на 25 километри северозападно од градот Струга и 37 километри јужно од Дебар.

Воглавно се наоѓа на една пространа планинска тераса на левата страна на Јабланичка Река, во помал дел и на нејзината десна страна.

Името на селото Јабланица првпат се споменува во периодот од 1342-1345 година во Душановата повелба за манастирот „Св. Богородица Перивлепта“ од Охрид. Селото во минатото имало чести напади од албанските племиња Геги и Тоски. На десната страна од Јабланичката Река има месност викана Велјаре, каде има гробови за кои се смета дека се од загинатите од качачките напади. На врвот Топлец има остатоци од муслимански гробови за кои се смета дека се торбешки, чии жители биле приморани да се раселат поради качачките напади и присилната албанизација.

Археолошки наоѓалишта:
Кале — утврдување од римско време.

Цркви:
Црква „Св. Пророк Илија“ — изградена во 1896 година. Преосветена во 1996 година. Нема фрескоживопис;
Црква „Св. Богородица Пречиста“ — изградена во 1976 година, а осветена во 1978 година од страна на тогашниот Митрополит Дебарско-кичевски г. Ангелариј. Нема фрескоживопис. Иконите се од 1843 година, изработени од Дичо Зограф и од други зографи, што потврдува дека имало постар објект
Црква „Св. Мина, Виктор и Викентиј“ — изградена во 1975 година, а осветена на 24 ноември 2001 година. Нема фрескоживопис. Иконите на иконостасот се од 1826 година, што потврдува дека имало постар објект;
Црква „Св. Преполовение“ — камен-темелник е осветен и поставен на 17 јуни 2003 година;
Црква „Св. Илија“ — манастирска црква, изградена во 1954 година. Во тек се подготовки за негово осветување;
Црква „Св. Петка“ — параклис изграден во 2002 година;
Црква „Св. Никола“ — параклис изграден во 1996 година;
Црква „Св. Петка Римска“ — параклис изграден во 1994 година; и
Црква „Св. Недела“ — параклис изграден во 1997 година.

Џамии:
Џамија — главна селска џамија

Реки:
Јабланичка Река — притока на Црн Дрим

Споменици:
Спомен-плоча од НОБ

Извор: Wikipedia

Тура

(во подготовка)