• Должина во правец: 5 км
  • Тежина: 6/10
  • Време на искачување: 2,5 часа
  • Искачување со деца: 3 часа
  • Висинска разлика: 700 м
  • Почетна точка:

    с. Злетово

Помош за навигација: повеќе во Совети
Карта со сите патеки

Свети Гаврил Лесновски или Лесновски манастир – манастир во с. Лесново, Пробиштипско. Главната црква е посветена на Светите Архангели Михаил и Гаврил. Постои мислење дека манастирот бил изграден кога св. Гаврил Лесновски се замонашил или пак по неговата смрт, кога се развил култот за подвижничкиот живот (како што е наведено во краткото негово житие од 1330 година). Времето во кое живеел Гаврил Лесновски не е прецизно утврдено. Постои мислење дека тоа треба да се бара во 11 век, а оттаму заклучокот дека манастирот бил изграден во втората половина на 11 век, кога во крајот северно од Брегалница бил развиен силно култот за пустожителите, меѓу кои и за светиот отец Гаврил.

Настанувањето на манастирот се поврзува со животот на пустиникот Гаврил Лесновски. За св. Гаврил постојат повеќе житија (хагеографии). Првото е сосема кратко и е напишано околу 1330 година. Во опширното житие на пустиножителот од 1868 година стои дека за време на неговиот живот, манастирот постоел и во него тој се замонашил. Според едно од житијата во средината на XI век во с. Лесново живееле четворицата големи испосници, светители — Јован Рилски, Прохор Пчински, Јоаким Осоговски и Гаврил Лесновски. Четворицата светители или како народот ги именува четворицата духовни браќа скоро 30 години живееле во пост, молитва и строг послужителски живот во пештера во тогашната многу густо пошумена лесновска гора во близина на селото Лесново. Откако оствариле духовна зрелост кај секој од нив се појавила потреба од поединечно продолжување на сопствената духовна мисија. Заминале на четири различни страни и изградиле манастири, при што Гаврил Лесновски останал во с. Лесново и го подигнал (основал) Лесновскиот манастир.

За првпат во пишани споменици се спомнува во 1330, кога книжевникот Станислав препишал во манастирот пролог, каде го сместил и краткото житие на Гаврил Лесновски. Денес ракописот се чува во Белград. Во 1341 година деспотот Јован Оливер го обновил, а по неколку години бил проширен со вториот дел. На црковниот собир во Скопје, 1347 година од страна на Стефан Душан бил назначен овој манастир за седиште на новоформираната Злетовска епископија, што ја заменила Мородвиската. Веројатно и тоа било причина манастирот да биде проширен. Во 1381 година повторно бил приложен на манастирот Хилендар. Во 1558 година, при игуменот Неофит, манастирот бил поправен, а во 1581 при игуменот Спиридон, го препокрил кратовскиот болјарин Никола Бојчиќ. Благодарение на жителите на Кратовско и кривопаланечко, манастирот успеал да дотрае низ целиот среден век, па сè до денес, зошто од нив бил неколу пати поправан. При крајот на 17 век запустел, но во 1805 го обновил еромохајот Теодосиј. Во 1814, од една белешка гледаме дека тој бил игумен на манастирот. Овој манастир е еден од побогатите книжевни центри во Македонија. Низ повеќе институции надвор од Македонија се чуваат ракописи што се пишувани во него или потекнуваат од неговата богата библиотека. Познати се збирките во: Белград, Софија, Пловдив.

Манастирот Св. Гаврил Лесновски е еден од најзначајните и најубавите средновековни и сакрални споменици на културата, не само во Република Македонија туку и пошироко. Не само што со своето богатство и содржини на иконостасот и фрескосликарството претставува голема мистерија, туку тој е познат и по својата моќ да лекува болни лица. Селаните веруваат дека светецот Гаврил Лесновски ги штити нив, нивното село и манастирот и дека неговиот дух е присутен. Тие исто така веруваат дека не случајно тука се настанати и селото и манастирот и со гордост истакнуваат дека овој простор е библиски.

Лесново е едно од најстарите села во Македонија. Се наоѓа во североисточниот дел на 15 км од градот Пробиштип, на југозападната страна од Осоговскиот масив, на надморска височина од 890 м. Селото е единствено по тоа што лежи во средината на јасно сочуван фосилен вулкански кратер – Лесновски кратер и е на истата локација повеќе од илјада години. За староста на Лесново зборуваат бројните сочувани траги како што се пештерските цркви и монашките пештерски испосници. Името на селото потекнува од зборот „лес“, што значи шума. Лесновската река тече низ селото и го дели него и кратерот на два еднакви дела. Убавата природа со специфична флора и фауна, пријатната клима со многу сонце во сите годишни времиња, бистрите планински води, атрактивниот изглед на високите ридови, а особено планинскиот воздух кој спаѓа во најчистите во југоисточна Европа, го прават престојот во Лесново посебен. Релјефот е последица на силна вулканска активност во Кратовско-злетовската вулканска област. Лесновскиот кратер претставува вистинско ремек дело на природата. Се споредува со вулканот Етна, па многумина го нарекуваат македонска Етна. Со неговата исклучителна реткост како еден од најсочуваните и најкарактеристични кратери на Балканот, прогласен е за споменик на природата и се наоѓа на списокот на геолошки раритети. Кратерот го опкружуваат ридови кои формираат природен амфитеатар, од кои најдоминантен што се издига над селото е Илински врв (1127 м).

Лесновските (воденичарски) пештери се сместени во непосредна близина на селото Лесново, од двете страни на клисурестиот дел на Лесновската река, во месноста Коларско во Лесновскиот кратер. Тие настанале од човечка рака со повеќевековното вадење и изработка на надалеку познатите лесновски воденички камења, што во минатото претставувало важно занимање на жителите на селото. Со обработка на стените создадени се пештерски ходници, вртачи и насипи со неверојатен изглед. До 80-тите години на минатиот век, во овие пештери се изработувале квалитетни камени плочи и воденички камења од тврдите вулкански карпи т.н. игнимбрити, кои ги нема никаде на друго место во светот, на толку голема површина и во толку голема маса. Секоја од пештерите била сопственост на една фамилија. За време на средновековниот период, вештите лесновски камењари годишно изработувале над 2000 парчиња воденички камења кои биле многу барани и употребувани низ целиот Балкан.

Извор: Wikipedia

Тура

(во подготовка)

Лесновски Манастир – Илински Врв (2,5 км)

  • наведените опции се вклучени во GPS линкот