• Должина во правец: 9 км
  • Тежина: 6/10
  • Време на искачување: 4 часа
  • Искачување со деца: 4,5 часа
  • Висинска разлика: 600 м
  • Почетна точка:

    2 Кружни Тури:

    • с. Пчиња – Бислимска Клисура – Виа Ферата (9 км)
    • с. Пчиња – Бислимска Клисура – Виа Ферата (3 км)

Помош за навигација: повеќе во Совети
Карта со сите патеки

Бислимска Клисура – мала клисура на реката Пчиња што се протега од вливот на Кумановска Река до селото Пчиња. Долга е 6,5 км. Оддалечена е 5 км од градот Куманово.

Всечена е во варовнички карпи со јурска старост. Има стрмни страни, на одредени места речиси вертикални, така што на некои места наликува на кањон. Во клисурата се наоѓаат десетина пештери и пропасти, долги до 90 м. Најдолга пештера е Студен Пештер (90 м), а најдлабока пропаст е Маркова Куќа, длабока околу 40 м. Со својот пештерски накит, најинтересна е Лишков Пештер, во јужниот дел на клисурата (2 км спротиводно од с. Пчиња). Покрај пештерите и пропастите, овде релјефот е многу интересен, со бројни шкрапи, вртачи, суводолици, раседи и сл. Во Бислимска клисура има разновиден растителен и животински свет (лилјаци, соколи, орли, влекачи — особено поскоци и др.).

Во средишниот дел на клисурата и во пештерите има остатоци од антички градби, веројатно од римскиот период. По сите свои одлики, Бислимската Клисура заслужува да биде заштитено подрачје, особено имајќи предвид дека е се наоѓа мошне близу до градот Куманово. Сепак таа е доста деградирана од загадените води на Пчиња, кои доаѓаат од Куманово.

Орашачки даб – даб од видот на благуни (науч. Quercus pubescens Wild-Lanunginosa thuill) којшто се наоѓа во дворот на црквата „Св. Илија“ во кумановското село Орашац.

Со закон е заштитен како споменик на природата од 1967 година.

Стеблото е високо преку 20 метри, со преку обем од 6 метри, и распон на гранки од преку 20 метри. Подрачјето каде се наоѓа овој даб, заедно со други дабови, се наоѓа на надморска височина од 325 метри, на површина од 0,1 километар квадратен.

Извор: Wikipedia

Тура

(во подготовка)

  • с. Орашец – с. Пчиња (9 км)

* Наведените опции се вклучени во GPS записот.