• Должина во правец: 8 км
  • Тежина: 7/10
  • Време на искачување: 2,5 часа
  • Искачување со деца: 3 часа
  • Висинска разлика: 730 м
  • Почетна точка:

    с. Леуново

Помош за навигација: повеќе во Совети
Карта со сите патеки

Леуново – село во Општина Маврово и Ростуше, сместено на брегот на Мавровското Езеро. Селото Леуново се наоѓа во Мавровската Котлина, на источниот брег на Мавровското Езеро. Административно претставува дел од Општина Маврово и Ростуше, западна Македонија, сместено во источниот дел на општината. Воедно, селото претставува и дел од Националниот парк Маврово. Се наоѓа во пониските делови на планината Бистра.

Селото е поврзано со асфалтниот локален пат P-413 со соседните села Никифорово и Маврово, пат кој го обиколува Мавровското Езеро. Од градот Гостивар е оддалечено 25 километри.

Во близина на селото се наоѓа и браната „Леуново“, која е составен дел од мавровскиот хидроенергетски систем. Самата брана била обновена во текот на 2013 година, при што била зајакната нејзината градба, а самата целина била хортикултурно средена, а на самата брана била изградена патека.

Селото првпат се споменува во текот на XIII век во грамотата на Константин Тих. Според мештаните, селото првобитно се наоѓало во месноста Ѓоновица, каде се среќаваат остатоци од средновековна населба. Во поновата македонска историја, од Леуново потекнуваат бројни борци во НОБ за Македонија, при што самото село поднело 15 жртви. На 21 август 1943 година, селото е целосно запалено и изгорено од страна на балистичките банди.

Цркви:
Црква „Успение на Пресвета Богородица“ – главна селска црква

Споменици:
Споменик „Стрелање“ – посветен на жртвите од НОБ, изработен од страна на вајарот Томе Серафимовски

Археолошки наоѓалишта:
Ѓоновица – средновековна населба
Долномаалски Гробишта – средновековна црква
Сув Дол – средновековна црква и некропола

Езера:
Мавровско Езеро – вештачко езеро

Тура

(во подготовка)