с. Смолари – Смоларски Водопади – ПД Шарена Чешма

  • Должина во правец: 7 км
  • Тежина: 6/10
  • Време на искачување: 3 часа
  • Искачување со деца: 3,5 часа
  • Висинска разлика: 860 м
  • Почетна точка:

    село Смолари

ПД Шарена Чешма – врв Тумба

  • Должина во правец: 7 км
  • Тежина: 6/10
  • Време на искачување: 3 часа
  • Искачување со деца: 3,5 часа
  • Висинска разлика: 574 м
  • Почетна точка:

    планинарски дом Шарена Чешма

Помош за навигација: повеќе во Совети
Карта со сите патеки

Смолари или Смоларе – село во Општина Ново Село, во областа Подгорје, во околината на градот Струмица.

Селото Смолари се наоѓа во северното подножје на планината Беласица во областа позната како Подгорие. Селото е оддалечено 28 километри од градот Струмица во југоисточна насока и 6 километри од центарот на општината, Ново Село, на надморска височина од 382 метри. Јужно од селото се наоѓа реката Ломница, на која е расположен познатиот Смоларски Водопад, до кој се пристигнува преку екопатека. Вкупната височина на вертикалниот отсек на Смоларскиот Водопад изнесува 39,5 метри.

Среде село порано се наоѓале два стари јавори, високи околу 30 метри. Денес е останат помладиот јавор, чија старост се проценува околу 300 години. Името на селото е изведено од зборот „смолар“ или човек што се занимава со собирање смола.

Смоларски Водопад – водопад сместен на северните падини на планината Беласица, по текот на реката Ломница, на надморска висина од 600 м во регионот на селото Смолари. Вкупната височина на вертикалниот отсек на Смоларскиот Водопад изнесува 39,5 метри. Водопадот е тектонски предиспониран со раседна структура која лежи попречно на правецот на течењето на водата на Смоларска Река. На дното од водопадот формиран е џиновски лонец, чија должина во правец на течењето на речната вода изнесува 5 метри, широчината е 11 метри, а длабочината се движи од 0,5 до 0,7 метри. Смоларскиот Водопад е единствен постојан водопад во Македонија со пад на водата од 39,5 метри.

Извор: Wikipedia

Тура

(во подготовка)

  • с. Смолари – Смоларски Водопад (1 км)
  • Бачило – врв Висока Чука (+ 2 км)
  • с. Смолари – Смоларски Водопад – врв Тумба – врв Ботра – врв Сечена Скала – врв Семер Кајасен (26 км – кружна)

Наведените опции се вклучени во GPS линкот