• Должина во правец: 9 км
  • Тежина: 6/10
  • Време на искачување: 2,5 часа
  • Искачување со деца: 3,5 часа
  • Висинска разлика: 965 м
  • Почетна точка:

    село Горно Количани

Помош за навигација: повеќе во Совети
Карта со сите патеки

Китка – планина во Македонија, која се наоѓа југоисточно од градот Скопје. Таа е дел од најголемиот македонски планински масив Мокра Планина и претставува негова североисточна гранка. На запад се поврзува со планината Караџица, а на југ со Голешница. Највисок е истоимениот врв Китка со надморска височина од 1.588 метри, а на билото се истакнува и врвот Краста (1.445 м) и препознатливи карпести облици. Билото на планината Китка претставува вододелница на долините на Маркова и Кадина Река.

Китка беше омилена дестинација и редовно посетена од планинарите од околината на Скопје, но по немилите настани од 2001 година, на Китка ретко може да се видат планинари и љубители на природата, а се почесто уништувачи и диви дрвосечачи. Но и покрај тоа решивме да ја посетиме Китка и да се потсетиме на времињата каде редовно уживавме во природата на оваа планина и на гостопримството во истоимениот планинарски дом.

Патеката започнува во селото Горно Количани (пред селската продавница) и почетокот на патеката е добро маркиран, но понатаму маркациите изостануваат. Од Скопје (Центар) до с. Горно Количани (преку Драчево) возиме вкупно 20 км по добро асфалтиран пат. До 2020 год. асфалтираниот пат завршуваше до Горно Количани, но истата година, патот е асфалтиран дополнителни 5 км до село Црвена Вода (во правец кон с. Алдинци и ПД Караџица).

Кратко по излез од селото, патеката веднаш навлегува во густа и прекрасна дабова и букова шума и по 2,5 км излегуваме од шумата и се движиме кон врвот. По изминати 6 км, постои опција прво да го посетите планиарскиот дом Китка или да тргнете директно кон врвот со што би скратиле 1 км. Ние се одлучивме директно да го качиме врвот и да се вратиме по истата патека. На дофат од Скопје, Китка нуди малку поразлична природа од околните планини со прекрасни погледи кон Караџица и Јакупица.

с. Горно Количани – врв Китка – с. Вртекица (18 км)

  • Наведените опции се вклучени во GPS линкот

ПД Китка – Преслап – Мала Река – с. Алдинци – ПД Караџица (40 км) – ЛИНК