• Должина во правец: 9,5 км
  • Тежина: 7/10
  • Време на искачување: 3,5 часа
  • Искачување со деца: 4 часа
  • Висинска разлика: 1.050 м
  • Почетна точка:

    с. Елшани

Помош за навигација: повеќе во Совети
Карта со сите патеки

Елшани – село во Општина Охрид, во околината на градот Охрид.

Ова село се наоѓа во Охридско, во средишниот дел на територијата на Општина Охрид, на западната падина на планината Галичица, чиј атар се издига до сртот на планината каде што се допира со подрачјето на Општина Ресен, а на друга страна атарот допира до брегот на Охридското Езеро. Селото е планинско, на надморска височина од 878 метри. Од градот Охрид, селото е оддалечено 14,4 километри.

Селото е распослано на падините на Галичица, на височина од околу 900 метри. Околни села се Пештани на југ и Коњско на север. Мештаните со вода за пиење се снабдувале од селски чешми, а денес има водовод, кој бил направен во 1974 година. Водата доаѓа од изворот Вршек, кој извира крај селото. Селото има збиен карактер и е поделено на три маала: Горно, Средно и Долно Маало. Во тие маала се групирани куќи на исти родови. Новата придружна населба Елешец, која се наоѓа непосредно со брегот на Охридското Езеро, во последниве години функционира како издвоен дел од селото.

Елшани е извонредна почетна точка за планински прошетки или искачување по карпи во Националниот парк Галичица. Од друга страна, разгранетата мрежа од патеки, тесни селски улици и локални неоптоварени патишта се идеални за пешачење, трчање или велосипедизам, за луѓе од сите возрасти и степени на подготвеност.

Археолошки наоѓалишта:
Елшани — некропола од доцноантичко време; и
Купејнца — населба од доцноантичко време.

Цркви:
Црква „Св. Илија“ — главна селска црква, од XV век, а обновена во 1859 година; и
Црква „Св. Мина“ — понова селска црква, изградена во 1994 година.

Параклиси:
Параклис „Св. Петка“
Параклис „Св. Богородица“

Спомен-чешми:
Спомен-чешма „Клајнец“ за НОБ

Извор: Wikipedia

Тура

Турата за започнуваме од с. Елшани пред спомен чешмата Клајнец каде завршува асфалтираниот пат, и тука постои можост за паркинг на неколку патнички возила. Пешачката патека која започнува веднаш од спомен чешмата наметнува сериозно темпо на почетокот поради зголемената стрмнина. Откако ги одминуваме последните куќи од селото навлегуваме во шума која 80% од патеката обезбедува сенка. По изминати 2,5 км се искачуваме на сртот и уживаме во магичните погледи на Охридско езеро.  Тука во непосредна близина е поставен крст и самата локација нуди прекрасна панорама над Охридско езеро, Пештани и Елшани. Продолжуваме по планинарската патека во срцето на Галичица и одминуваме неколку шуми и конечно по изминати 4 км. пристигнуваме во подножјето на врвот Чумо Влага или Бугарска Чука. Последните 0,5 км. пред врвот следува технички дел по карпеста подлога кој е значително тежок и бара сериозна физичка подготвеност. По внимателно и одмерено движење по карпите конечно сме на врвот: прекрасно погледи кон Охридско, локва Асанџура и соседните врвови на Галичица. Се надеваме дека ќе имаме можност во некој следен потфат да ја изодиме и подолгата варијанта на оваа патека, односно до врвот Лакосигној.

Планинарски патеки во близина:

Велосипедски патеки во близина:

с. Елшани – врв Чумо Влага (Бугарска Чука) (5 км)
врв Чумо Влага (Бугарска Чука) – врв Лакосигној (4,5 км)

  • наведените опции се вклучени во GPS линкот