• Должина во правец: 5 км
  • Тежина: 5/10
  • Време на искачување: 2 часа
  • Искачување со деца: 2,5 часа
  • Висинска разлика: 300 м
  • Почетна точка:

    с. Велестово

Помош за навигација: повеќе во Совети
Карта со сите патеки

Велестово – село во Општина Охрид, во околината на градот Охрид. Сместено е во пазувите на планината Галичица.

Ова село се наоѓа во Охридско, во средишниот дел на територијата на Општина Охрид, југоисточно од градот Охрид, на оддалеченост од 7 километри и припаѓа на неговата рурбална зона. Селото е планинско, на надморска височина од 1.080 метри, чиј атар се издига до сртот на планината Галичица, каде што се допира со подрачјето на Општина Ресен.

Селото е распослано на падините на Галичица, на височина од околу 1.000 метри. Мештаните со вода за пиење се снабдувале од селски чешми, а денес има водовод. Селото има два дела, поделено на Горно или Старо Велестово на височина од околу 1.000 метри и Долно или Ново Велестово, во долината Рача. Ново Велестово е основано по Втората светска војна од доселеници од Старо Велестово. Порано, во месноста Рача се наоѓале селските лозја. Растојанието помеѓу двата дела изнесува 2 километри. Велестово се граничи со селото Коњско на југ, со Рамне на север, со ресенските села Петрино и Евла на исток и со градот Охрид и Охридското Езеро на запад.

Денес, Рача (Ново Велестово) претставува охридска населба, целосно одвоена од селото. Од Охрид, селото Велестово е поврзано со асфалтиран пат. Велестово спаѓа во старите охридски села. Најверојатно потекнува уште од средниот век. Името на селото е словенско и истоимено село се наоѓа во Црна Гора. Во селото се наоѓаат многу старини. Во месноста Долна Рача, пониско од денешното село, се наоѓаат 2-3 извори и има предание дека таму се наоѓало старото село. Таму се наоѓаат само гробови. Преданието тврди дека селото се поместило повисоко поради Турците. Тоа е месноста Селиште, над денешното село. И на оваа месност, селото не останало многу, бидејќи „имало ламја, која ги јадела луѓето“. На оваа месноста постоела црквата „Св. Богородица“.

Археолошки наоѓалишта:
Богородица Пречиста — средновековна црква и некропола;
Велестово — депо на монети;
Кромидишта — средновековна црква и некропола;
Рача — населба од доцноантичко време и средновековна некропола;
Селиште — средновековна црква и некропола; и
Стара Рача — средновековна црква.

Цркви:
Црква „Успение на Пресвета Богородица“ — главна селска црква, од XIV век;
Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ — најнова селска црква; и
Црква „Св. Троица“ — главна манастирска црква, изградена во 1986 година.

Манастири:
Велестовски манастир — понов манастир пред селото

Параклиси:
Параклис „Св. Петка“

Спомен-плочи:
Селска чешма од 1891 г. со спомен-полоча за НОБ

Извор: Wikipedia

Тура

(во подготовка)

Планинарски патеки во близина:

Велосипедски патеки во близина: