• Должина во правец: 14 км
  • Тежина: 9/10
  • Време на искачување: 5,5 часа
  • Искачување со деца: 6 часа
  • Висинска разлика: 1.400 м
  • Почетна точка:

    с. Смрдлива Вода

Помош за навигација: повеќе во Совети
Карта со сите патеки

Зелен Брег (2166 m) е највисок врв на планината Кожуф. Се наоѓа во средишниот дел на планината, југоисточно од с. Конопиште (Кавадаречко). Врвот Зелен Брег е заоблен, лесно пристапен и покриен со високопланински пасишта. Кон југ се протега одличен и восхитувачки панорамски видик кон острите ограноци на Кожуф и кон Солунско Поле.

Легендата вели дека во минатото имало тука некој овчар со стадо, имал и син. Снемале леб и детето заминало дома по леб, долу во селото. Мајка му му дала се што треба и храна и вода, а му рекла да си го земе и кожуфчето. Не го сакам, рекло момчето, топло е. Арно ама среде пат го фатило многу студено време, а тој само повторувал ех, кожуфчето сега каде ми е. Така настанало името на планината Кожуф.

Извор: Wikipedia

Тура

(во подготовка)

с. Смрдлива Вода – врв Мала Рупа – врв Зелен Брег – врв Порта –  врв Дудица (25 км)

  • наведената опција е вклучена во GPS линкот