• Должина во правец: 15,5 км
  • Тежина: 8/10
  • Време на искачување: 4,5 часа
  • Искачување со деца: 5,5 часа
  • Висинска разлика: 880 м
  • Почетна точка:

    Одморалиште Михајлово

Помош за навигација: повеќе во Совети
Карта со сите патеки

Дудица – врв во средишниот дел на главниот срт на протегање на планината Кожуф, во Република Македонија на самата граница помеѓу Македонија и Грција. Неговата височина изнесува 2.132 метри.

Високо над густите столетни борови и елови зимзелени шуми помешани и со буки и лески над изворишниот дел на Бошава, над долината на нејзините изворишни челенки и притоки Стара Река и Жарница, на самиот југоисточен крај на главниот срт на протегање и планинско било на Кожуф се наоѓа врвот Дудица висок 2132 метри. Дудица се наоѓа на самиот јужен крај на Кожуф на планинскиот срт по кој води и македонско-грчката државна граница, а од неа се пружа убава глетка на целото било на Кожуф со највисокиот врв Зелен Брег (2168 м.), Порта (2097 м.), а кон запад и на Ниџе и Кајмакчалан, додека кон север е пространата висорамнина Витачево и Тиквешијата, а на југ занимливите карпести амфитеатрални облици кон котлината Меглен. Самиот врв Дудица има мал зашилен облик, а по неговите стрмни падини покрај изобилството од боровинки на тревнатите ливади има и сипари со ситни раздробени камења и песокливи засеци, а самата почва е полна со разни минерални суровини за што сведочат бројните минерални извори на вода, рудниците за сумпор, никел, талиум, лорандит (Алшар) во непосредната и малку подалечна околина.

До врвот Дудица може да се пристапи од две страни и тоа од: кавадаречко – од селото Конопиште и одморалиштето Михајлово сместено во густата недопрена шума одејќи кон југ до изворишните подрачја на Жарница и Стара Река искачувајќи го и врвот Пулевец (1669 м.) искачувајќи се на сртот од каде може да се оди сè до Дудица, и од гевгелиско – од излетничката населба Смрдлива Вода и ски-центарот „Кожуф“ од каде искачувајќи се на највисокиот кожуфски врв Зеленбрег и одејќи само по сртот на Кожуф минувајќи го и врвот Порта и долот на Капетанова Чешма се искачува на Дудица.

Извор: Wikipedia

Тура

(во подготовка)

Одморалиште Михајлово – врв Голубец (5,5 км)

  • Оваа опција е вклучена во GPS линкот