• Должина во правец: 6 км
  • Тежина: 7/10
  • Време на искачување: 2,5 часа
  • Искачување со деца: 3 часа
  • Висинска разлика: 1.200 м
  • Почетна точка:

    с. Саса – Рудник

Помош за навигација: повеќе во Совети
Карта со сите патеки

Руен – највисок врв на Осоговските Планини со висина од 2.252 метри. Врвот се наоѓа на самата граница меѓу Република Македонија и Бугарија, и е дел од 100-те национални туристички објекти на Бугарија.

Искачувањето на врвот Руен може да се изврши од два правци, и тоа едниот е од правецот на Кочани преку Пониква до Царев Врв, на кој нема маркации. Патеката прво ве спушта до преслапот „Ајдучка Чешма“, што е најниска точка на патеката, потоа започнува искачувањето на Руен, кое вкупно од Царев Врв трае околу 2 часа.

Друг правец е преку рудникот „Тораница“. Кога се оди од Крива Паланка кон Бугарија, пред да се стигне до границата се врти десно кон рудникот „Тораница“, оддалечен вкупно 18 км од Крива Паланка. Од рудникот може да се искачува непосредно на врвот Руен, иако нема маркации, но полесна варијанта е да се искачува во правец на седлото меѓу Царев Врв и Руен и потоа да се оди кон врвот.

Извор: Wikipedia

Тура

(во подготовка)

Тораница – врв Руен (8,5 км)