Титов Врв, познат и како Голем Турчин – највисокиот врв на Шар Планина и втор највисок врв во Македонија (по врвот Голем Кораб). Височината му е 2.747 м. Врвот е сместен на масивот Рудока. Под врвот на јужната страна извира Боговињска Река, а од северната – реката Пена.
Овој врв е највисокиот врв на Шара и втор по височина во Македонија. Како што е наведено погоре, висок е 2.747 м. Се наоѓа во средишниот дел на планината, во највисокиот нејзин дел, во кој се наоѓаат сите три врва на планината коишто се повисоки од 2.700 м. Самиот Титов Врв е теменест, широк околу 9 м, а на платото на врвот, како што е познато, има изградено планинарска кула.
Местото каде што се наоѓа врвот е во внатрешноста на шарскиот масив. Околу него се наоѓаат уште 2 врва со пониска висина и тоа Мал Турчин 2.702 м и Бакардан 2.700 м. Оригиналното и вистинско, а воедно и најстарото име за овој врв е Шар според кој и целиот планински масив го добил своето име Шар Планина. Врвот првобитно и оригинално е именуван како Шар во повеќе стари дела и карти, меѓу кои и книгата „Материјали по изучувањето на Македонија“ од македонскиот револуционер Ѓорче Петров, кој запишал дека врвот така се именува од месното население, а по него е именувана и целата планина. За време на владеењето на Турците врвот во средината го добива името Турчин или Турчин Планина, а останатите два ги добиваат сегашните имиња, т.е. Мал Турчин и Бакардан. Во време на отоманското владеење честа била практиката највисоките врвови да се именуваат во чест на султанот (како што е случај на Осогово и повеќе други планини), а тоа продолжило да се применува и од следните власти кои доаѓале и кои го именувале врвот по своите челници – цареви и претседатели. Така името на врвот останува Турчин сè до 1934 година кога во октомври е преименуван во Александров Врв, во слава на српскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ. За време на Втората светска војна врвот го добива своето старо име Турчин или Голем Турчин. Така е сè до 21 април 1953 година кога со одлука на Собранието на НР Македонија врвот го добива денешното име Титов Врв.
Извор: Wikipedia
Тура
(во подготовка)
Планинарски патеки во близина:
Велосипедски патеки во близина:
Премин Горна Лешница – врв Плат + 1,5 км (во правец)
Седло Среден Камен – врв Среден Камен + 1 км (во правец)