• Должина во правец: 5 км
  • Тежина: 5/10
  • Време на искачување: 2,5 часа
  • Искачување со деца: 3 часа
  • Висинска разлика: 820 м
  • Почетна точка:

    с. Псача

Помош за навигација: повеќе во Совети
Карта со сите патеки

Псача – село во Општина Ранковце во околината на Крива Паланка во североисточна Македонија. Селото е сместено во областа Славиште. Најпознато е по значајниот средновековен Псачки манастир, кој е сместен над селото во дабова шума. Селото Псача се наоѓа на левиот брег на Крива Река, во северното подножје на Осоговските Планини. Атарот зафаќа површина од 12,4 км2 и има околу 500 жители. Сместено е на јужниот раб на котлината и етнографската област Славиште, Кривопаланечко. Од општинското средиште Ранковце е оддалечено 8 километри.

Името на селото Псача најверојатно доаѓа и потекнува од името на кнезот Пасхач или Паскач , кој заедно со својот син – севастократот Влатко, во повелба од 1358 година се запишани и јавуваат како ктитори на старата манастирска црква „Свети Никола“, која што и денес постои над самото село, како дел од Псачкиот манастир. Од името на кнезот Пасхач, кое доаѓа од името на хебрејскиот збор и празник Пасха кој во денешно време во рускиот јазик се користи за празникот Велигден, со текот на времето името на селото најверојатно се изменило од Пасхача во денешниот облик Псача.

Цркви:
Црква „Св. Никола“ — главната селска и манастирска црква која потекнува од XIV век

Манастири:
Псачки манастир — значаен средновековен манастир и заштитен споменик на културата

Археолошки наоѓалишта:
Влашки Дол – населба од доцноантичкото време;
Градиште – утврдена населба од доцноантичкото време;
Долно Лозје – некропола од римското време;
Манастириште – населба од доцноантичкото време;
Ровине – населба и некропола од доцноантичкото време;
Селиште – населба и некропола од римското време;
Црквиште – старохристијанска базилика

Реки:
Псачница

Извор: Wikipedia

Тура

(во подготовка)