• Должина во правец: 9 км
  • Тежина: 7/10
  • Време на искачување: 3,5 часа
  • Искачување со деца: 4 часа
  • Висинска разлика: 1.600 м
  • Почетна точка:

    с. Рамне

Помош за навигација: повеќе во Совети
Карта со сите патеки

Рамне – село во Општина Охрид, во околината на градот Охрид.

Ова село се наоѓа во Охридското Поле, во источниот дел на Општина Охрид, недалеку од градот Охрид. Селото е планинско, на надморска височина од 960 метри.

Селото се наоѓа на зарамнета варовничка тераса на северозападната падина на планината Галичица, на надморска височина околу 1.000 метри, поради што (најверојатно) и го добило името Рамне. Од повеќе извори над селото се создава мала река, која се влева во Охридското Езеро. Атарот на селото се распослува на планината Галичица. Варовничкиот состав на земјиштето овозможува изобилство од вода и доста силен и поволен водостој на селската чешма, кој овозможува покрај за пиење, водата да се користи и за наводнување преку летото. Богатите извори со вода се користат и за водоснабдување на градот Охрид.

Подрачјето на Рамне е населено уште од римско време, за што сведочи наоѓалиштето Рамненски Лозја на околу 1 км северно од селото. Рамне спаѓа во редот на најстарите села во Охридско. Најверојатно е основано во раниот среден век, за што сведочи и напишаниот Рамненски псалтир од овој период. Во XIX век, Рамне било село во Охридската каза на Отоманското Царство.

Извор: Wikipedia

Тура

(во подготовка)

Планинарски патеки во близина:

Велосипедски патеки во близина:

Охрид – с. Рамне – врв Бигла – Високи Врв – Охрид (21 км)

  • наведените опции се вклучени во GPS линкот