• Должина во правец: 13 км
  • Тежина: 7/10
  • Време на искачување: 4 часа
  • Искачување со деца: 4,5 часа
  • Висинска разлика: 1.150 м
  • Почетна точка:

    ПД Џумаја

Помош за навигација: повеќе во Совети
Карта со сите патеки

Лисец – највисок врв на планината Плачковица со висина од 1.754 м. Врвот се издига во источниот дел од планината, каде што се и врвовите Чупино Брдо (1.725 м), Бел Камен (1.707 м) и Кара Тепе (1.625 м). Искачувањето на врвот е можно од северната, јужната и источната страна, при што најлесна е патеката од северната страна. Врвот е познат и како еден од врвовите во Македонија со најголем доглед.

Постојат три правци на искачување на врвот: од северната, јужната и источната страна.

Најлесно е искачувањето на врвот од северната страна, коешто започнува од селото Зрновци или од селото Градец, при што растојанието изнесува околу 10 км. Патеката од Зрновци во долниот дел главно се движи покрај течението на Зрновска Река, додека од селото Градец во долниот дел главно се движи покрај течението на Градечка Река. Патеките од двете села потоа се спојуваат во една, којашто продолжува до Лисечкото Било на надморска висина од околу 1.500 м, од каде се продолжува кон самиот врв.

Од јужната страна, искачувањето започнува од Радовиш и продолжува преку говедарската фарма Чешма мале, од каде што преку скратени патеки се излегува на асфалтен пат. Патот продолжува до селото Козбунар, од каде што повторно започнуваат скратените патеки. Во непосредна близина на шумската куќа повторно се излегува на асфалтен пат, а од шумската куќа по земјен пат во должина од 2 км се продолжува до планинарскиот дом „Џумаја“, кој се наоѓа на надморска висина од 1.420 м. Од Радовиш до планинарскиот дом може да се стигне и со возило по асфалтен пат во должина од 22 км. Правецот на движење од планинарскиот продолжува по обележана патека надолу кон реката Еден Дере, која се преминува неколкупати за да се стигне до подножјето на врвот.

Од источната страна, искачувањето започнува од планинарскиот дом „Вртешка“ на надморска висина од 1.107 м.

Лисец е еден од врвовите во Македонија со најголем доглед, односно најдалечна хоризонтална видикова линија. Во услови на ведро време и чиста атмосфера, од него може да се види планината Рила на исток, Солунскиот Залив на југ, а дури и планината Олимп. Благодарение на големиот доглед, во минатото на врвот се наоѓал воен радарски центар за набљудување, а во поново време е планирано поставување на астрономска опсерваторија.

Извор: Wikipedia

Тура

(во подготовка)

ПД Џумаја – врв Лисец (7 км)
врв Лисец – врв Бел Камен (6 км)

  • наведените опции се вклучени во GPS линкот